28 Мај, 2024
0.0292

РЕАКЦИИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО ЛЕВИЦА: Осуда и повик Обвинителството да поднесе пријави

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Oткако пратениците на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев денеска на седница, скршија монитор и микрофон и фрлаа амандмани кон заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, со реакции се јавија од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. 

Од СДСМ го осудуваат дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар.

„Поради разумот на мнозинството не дозволиме во македонското Собрание да се реализира смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави. На еден многу лош начин граѓаните видоа што значат сценаријата на Левица. Ова што денеска го гледаат граѓаните е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица кон институцијата Собрание е однос кон државата, денес компјутерот во Собрание утре народот. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица да успеат“, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС.

„Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието. Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија. Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) „шамари, клоци и тупаници"“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаваат дека евтиниот театар на Левица, ДУИ и СДС за тема која никако не е приоритет на граѓаните само го покажува лудилото на власта и нивните слуги до каде може да одат во ловот по евтини поени. 

Со 83 гласа „за“, два „против“ и ниту еден „воздржан“ пратениците вечерва (20 ноември) го донесоа новиот Деловник на Собранието. 

Можеби ќе ве интересира

БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза

БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитува

ЗАКАЖАНО ЗА 30 ЈУНИ: Ќе има непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ

ЗАКАЖАНО ЗА 30 ЈУНИ: Ќе има непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ

ГОРАН КАЛОЃЕРА: Барам на мене и на мојата сопруга да ни се додели македонско државјанство

ГОРАН КАЛОЃЕРА: Барам на мене и на мојата сопруга да ни се додели македонско државјанство

УКРАИНА СРУШИ РЕКОРД: Дрон леташе до градот Орск длабоко во Русија

УКРАИНА СРУШИ РЕКОРД: Дрон леташе до градот Орск длабоко во Русија

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам

ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА: Гаши дефинитивно предлог за собраниски спикер

ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА: Гаши дефинитивно предлог за собраниски спикер

ДЕМИРИ: Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица

ДЕМИРИ: Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица