(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО СОБРАНИЕТО: Kрмов ги фрлаше амандманите кон Мисовски, му се придружи и Апасиев
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 15:55
Инцидент имаше денеска во Собранието. Пратеникот од Левица Борислав Крмов, фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, со барање да се прекине седницата. На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата бидејќи не им се архивирани амандманите кои ги поднеле. Крмов искрши еден монитор.
Претходно, собранискиот спикер Талат Џафери, ги фрли во отпад 1.449 амандмани кои ги поднесе Левица.
„Поднесени се 2.640 амандмани, 1461 амандман се од Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Од кои 12 амандмани се уредни, останатите се неуредни“, констатираше спикерот Талат Џафери.
Апасиев побара да се тргне точката за измена на собранискиот Деловник од дневниот ред на пленарната седница, додека на претседателот Талат Џафери му порача дека нема да му прости и дека услов за да Левица влезе во Влада ќе биде тој да скапе во затвор.
Седницата е прекината. Мисовски даде пауза од 30 минути.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




