ЗА ВМРО-ДПМНЕ Е ПРИФАТЛИВО: Дали ќе имаме двојни избори на 8 мај?
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 17:48
Двојни избори можно е да се одржат на 8 мај идната година.
Тоа е можниот датум за одржување на втор круг од претседателските избори заедно со парламентарните. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите во нивниот редовен термин, но дека конечниот договор меѓу партиите ќе се соопшти деновиве.
Во согласност со уставните рокови, 8 мај е последен термин во кој може да се одржи втор круг од претседателските избори и прв термин за одржување на парламентарните избори. Спикерот Талат Џафери неодамна објасни дека единствен термин за да се одржат заедно претседателските и парламентарните избори во редовен термин е 5 мај, но затоа што на тој датум се паѓа Велигден, споени избори може да има на 8 мај во среда. Со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако изборите се закажат на 8 мај, тогаш Собранието до 29 јануари треба да ја избере техничката влада, чиј мандат е 100 дена пред парламентарните избори. Oпозицијата извесно време бара избори. Тие се против уставните измени.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




