24 Октомври, 2024
0.1655

КОЛКУ ДОЛЖИ ФЕНИ - и има ли јунак да го спаси од банкрот?

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Наједноставно кажано сега се бара „јунак“ кој црно на бело ќе гарантира дека може и има пари да ги превземе и плати сите долгови на „Еуроникел Индустрис“ односно поранешниот гигант ФЕНИ. Тоа значи дека „фиљан човек“ треба да ги увери сите доверители дека може да исплати околу 100 милиони евра колку што се, веројатно, сите обврски и долгови на „Еуроникел Индустрис“ досега. Само така банката ќе прифати да не ја активира постапката за банкрот на ФЕНИ во која ќе останат без работа над 800 лица претежно од Тиквешијата. Е сега, чекаме да видиме дали ќе се појави „принцот на белиот коњ“ и ќе ја „бакне и разбуди од кома“ македонската „Снежана“

Македонскиот гигант за топење никелова руда „Еуроникел Индустрис“ поранешниот ФЕНИ е во крајно незавидна состојба и се соочува со банкрот. Крајно е неизвесна судбината на повеќе од 800 вработени од тиквешкиот регион, а не им е лесно и на бројни добавувачи, деловни партнери и фирми соработнички на оваа голема компанија. Нејзиното влијание врз македонската економија е доволно да го илустрираме само со еден показател: во 2022 година нејзините приходи биле повисоки од 186 милиони евра! Тоа проанешниот ФЕНИ го прави најголема фирма во вардарскиот регион (Велес, Неготино, Кавадарци, Гевгелија) и една од 20 најголеми компании во Македонија.

Менаџментот на таа компанија во соопштението што го објави деновиве наведе дека паралелно течат преговори со потенцијални и заинтересирани превземачи на бизнисот, а во нив е вклучена банката што ги кредитира. За да биде појасна сликата да го дадеме контекстот за да одговориме на прашањето зошто е битна банката во соопштението?

Затоа што банката е изложена кон „Еуроникел“ со кредити кои се бројат во неколку десетици милиони евра, а чија наплата е особено неизвесна сега. А неизвесна е затоа што менаџментот во своето соопштение кажува дека освен што се соочува со неповолни пазарни односно берзански цени на никелот вели дека има сериозни проблеми и со својот снабдувач на никелова руда која неколку години наназад се преработува во топилницата на ФЕНИ од каде на светскиот пазар се продава нивниот никел и други легури кои се произведуваат во процесот на преработка на „Еуроникел индустрис“.

„Фактор“ ги анализираше последните официјални податоци од билансот на состјба на „Еуроникел Индустрис“ за 2022 година. Состојбата е благо речена тешка. Минатата година „ФЕНИ“ ја завршил со вкупни обврски од 87 милиони евра! Со оглед на тоа дека бизнис климата за работа не била подобра и годинава постои веројатност дека „ФЕНИ“ ги зголемил своите обврски. На ваков заклучок наведуваат детали од соопштението на менаџерите од „Еуроникел индсутрис“ достапно на следниот линк https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=563611

Што покажуваат бројките на „крвната слика“ на ФЕНИ ?

Структурата на обврски покажува дека „Еуроникел“ е голем проблем за банките. Затоа што на нив им должел на крај на 2022 година 38,6 милиони евра. Од тоа краткорочни кредити биле 30,6 милиони евра. При тоа краткорочното задолжување на „Еуроникел индустрис“ лани е зголемено за 36 отсто во однос на 2021 година што е показател дека компанија била во состојба со кредити од банките да обезбедува тековна ликвидност. Во структурата на обврски долгорочните кредити учествуваат со 8 милиони евра.

Има уште две значајни ставки во структурата на трошоци. Правата е изложеноста спрема добавувачите на кои на крај на 2022 година „Еуроникел индустрис“ им должел 20,9 милиони евра. Над 20 милиони евра компанијата на крај на мината година должела и по основ на одложени плаќања на трошоци.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари