17 Мај, 2024
0.0343

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гоце Делчев повторно топ тема, а Ковид -19 однесе уште 7 животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВО МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА СЕ ПОЛЕМИЗИРА ЧИЈ Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 

Бугарија пишува дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до втори август 1944 година.

Два услова и тези за македонскиот идентитет и јазик содржи таканаречениот објаснувачки меморандум кој официјална Софија го пратила до земјите членки на ЕУ, а во кој Радио слободна Европа има увид. Во него Бугарија бара поддршка од земјите членки за својата позиција кон напредокот на Македонија во Унијата.

Медиумот објавува дека во „Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија стои дека билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи треба да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35.  

Софија го доставила до земјите-членки на Европската Унија и бара поддршка од нив.

Предлогот на Драги Ѓоргиев за паралелни гледишта за Делчев е апсурден, вели бугарскиот професор Кирил Топалов. 

Тој вели дека со ова Бугарија се става пред свршен чин. 

Додава дека Македонија сака да добие зелено светло за преговори  со Европската Унија, но позицијата на Македонија е иста. 

За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија, вели Ефтим Клетников од „Македонски Манифест“ во интервју за Алфа. 

Вели дека Гоце Делчев јасно вели дека кој мисли дека Македонија треба да е со Грција, тој е лош Македонец, добар Македонец е тој што е за автономна Македонија. 

OД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА 7 ЛУЃЕ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2. 

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Уште еден политичар во Македонија е инфициран со Ковид -19. 

Станува збор за екс министерот за вантрешни работи, и лидер на Обединети за Македонија,  Љубе Бошкоски. 

Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

ДИМИТАР АПАСИЕВ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Димитар Апасиев, оретседателот на новата парламентарна партија Левица, час и половина одговараше на распит кај надлежниот обвинител за фамозната закана „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“ која новиот пратеник ја напиша на Фејсбук по парламентарните избори.

Предметот отворен против Апасиев е за ширење говор на омраза кој се води против актуелниот пратеник. Пред Обвинителството тој во изјава за медиумите рече дека не очекува обвинение за случајот, но и најави кривични пријави против оние кои го пријавиле во ОЈО.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА СО ДРЖАВНИ ПАРИ СЕ РЕКЛАМИРАЛА КАЈ АНОНИМНИ ПОРТАЛИ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.

Ова на својата веб страница го соопшти Јавното обвинителство.

Имено, како што информираат, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставило Известување, според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Тутунарите во Македонија многу тешко наоѓаат работна рака за берба на тутунот и велат дека ако вака продолжи, идните години ќе се произведува значително помалку тутун.

Странските инвеститори Џонсон Мети и Ван Хол го редуцирале својот работен персонал во скопската индустриска развојна зона, а кризата предизвикана од пандемијата и натаму удира по компаниите кои се едни од најголемите работодавачи и најголеми извозници во Македонија. Сепак вакви процеси биле почнати и во Аптив, Кромберг и Шуберт, ODW Електрик.

Банките почнаа да испраќаат лични известувања до нивните клиенти за ново одложување на кредитните рати. На граѓаните им се испраќаат деталите околу опцијата повторно да го пролонгираат плаќањето на нивните кредити.

Иако имаат на располагање цели три години за да си ги земат своите пари кои им останаа заробени во Еуростандард банка, штедачите поитаа уште на првиот ден да си ги подигнат своите заштеди.

И прилепскиот Мермерен комбинат „го проласи за мртво корона вирусот“. Компанијата одлучи на своите акционери да исплати 8 милиони евра дивиденда , 1,7 евра бруто износ по акција и тоа 4,6 милиони евра акумулирана добивка од претходни години и 3,4 милиони евра од добивката лани. 

Нов директор на Царинската управа најверојатно ќе биде Горан Сугарески, велат за Фактор неофицијални извори.

По 1.500 евра за метар квадратен плаќале граѓани за станови во Охрид оваа година. Според нашите информации за толку се продавале становите во зградата за која се зане дека е поврзана со Нефи Усеини, советникот во општина Охрид за кој јавноста доста знае, а е добро познат и во Охрид. Тој е сопственик на фирмата Нефи ИК.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање