17 Мај, 2024
0.0300

Венко Филипче вели дека цела 2021 година ќе живееме со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Тој додаде дека порзително е што голем број граѓани не ги почитуваат мерките. 

Филипче, во изјава за Канал 5 телевизија за почетокот на учебната година, отворањето на градинките, како и враќањето на работа на родителите кажа дека планот и стратегијата на Комисијата за заразни болести е да не се сконцентрираат повеќе ризик фактори во ист временски период.

„Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот“, рече Филипче.

Министерот рече дека сите настани коишто ќе се одвиваат во есенскиот и зимскиот период и на коишто ќе има поголем број на луѓе во затворена просторија, капацитетот не смее да биде пополнет повеќе од 30 отсто,  а на отворено повеќе од 50 отсто.

За 24 часа во Македонија има нови 163 заразени, 7 починати, и 132 оздравени. 

Денес сите починати се повозрасни граѓани, а вчера имаше и двајца млади луѓе. 

СЗО претходно соопшти дека ова нема да биде последна пандемија, но и дека е рано да се каже кога ќе дојде крајот на пандемијата на коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер