28 Март, 2024
0.0242

Tутунарите се мачат да најдат аргати, за берба се јавуваат само пензионери

Објавено во: Економија, Агробизнис 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Тутунарите во Македонија многу тешко наоѓаат работна рака за берба на тутунот и велат дека ако вака продолжи, идните години ќе се произведува значително помалку тутун.

Колку аргати се потребни вкупно во Македонија за оваа работа нема точна бројка, затоа што од ден на ден варира обемот на работа. Оние кои можат, бербата ја завршуваат со најблиските, а другите бараат сезонци. Цената за работен час се движи од 160 до 200 денари. Младите не се нафаќаат на ваква работа, бидејќи е тешка, но и затоа што не ја познаваат доволно.

„Откако почна визната либерализација ние го имаме овој проблем. Луѓето почнаа да заминуваат во странство, и нема кој да работи. За берба тешко се наоѓаат аргати, и тоа се луѓе од 60 – 70 години, така што нема некоја ефикасност. Ова е макотрпна работа, треба да се бере брзо, треба добро да се знае работата. Обично работниците бараат по 170 денари за еден час работа, а дополнително треба и да им се обезбеди превоз. Луѓето претежно наоѓаат работници од Битола или Прилеп. Ако вака продолжи, ќе падне производството во Македонија под 15 милиони килограми тутун, и како такви нема да бидеме интересни за извоз. Тоа веќе се случи во Бугарија и Грција каде имаше огромен пад на производството на тутунот.  Јас имам површина од два хектари, и работам со семејството“, вели Николче Илиевски, производител на тутун од селото Добрушево.

Во ова село околу 150 домаќинства се занимаваат со производство на тутун. Никола Вељановски од истото село има површини од 30 декари под тутун, и вели дека за берба ангажира по пет аргати.

„Многу тешко се наоѓаат работници. Секој не може да ја работи оваа работа, треба да се има искуство и знаење. Сите производители го имаат истиот проблем, и се мачат да најдат берачи. Јас ги намалив површините. Од тутун сѐ потешко се живее, затоа што двајца луѓе ако садат и берат, едноставно само од тоа не можат да живеат, а производството бара многу трошоци“, објаснува Вељановски.

Тутунарите бараат покачување на цените по класи, првата да си остане 280 денари, а втората да биде 220 денари, третата 170 и четвртата класа 90 денари за килограм.

Поради немање на работна сила се плашат дека од 10 до 15 отсто од производството може да остане необрано.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“