19 Мај, 2024
0.0311

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаат болните, немоќните и затворениците, а денес имаме 135 позитивни на Ковид - 19

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС ГЛАСААТ БОЛНИТЕ, НЕМОЌНИТЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

Денешниот е ден за гласање на болните и немоќните, лицата во домовите за возрасни, затворениците и притворените.

Вкупниот број на граѓани кои имаат право на глас денеска е 8.855, а до 15 часот гласале 7.170 лица. 

Исполнети се сите услови за безбедно гласање, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).

Ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат. 

ИМА 4 ПОЧИНАТИ И 135 НОВИ ЗАРАЗЕНИ OД КОВИД -19

За едно деноноќие има нови 135 заразени во Македонија. 

Денес имаме повеќе заразени од вчера. 

Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Податоците ги соопшти Министерството за здравство. 

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 142 оздравени лица од: Скопје-68, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-15, Струга-15, Охрид-15, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-5, Свети Николе-6, Ресен-4.

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево.

ОД УТРЕ НА ПЛАЖА СО ПОМОШ НА ВАУЧЕРИТЕ ЗА ТУРИЗАМ

Од утре граѓаните кои ги исполнија условите и добија ваучери за туризам ќе може да ги искористат во некој од сместувачките капацитети кои се во проектот. Ваучерите впрочем можат да с екористат од 15 јули до 15 декември годинава. 

Со ваучерите кои ги земаа 117.122 граѓани а на кои имаат по 6.000 денари за да се смесат во некои домашни капацитет, Владата очекува да го промовира и да го помогне домашниот туризам. 

Агенцијата за туризам очекува годинава домашните гости да направат повеќе од два милиона ноќевања.

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПОКАЖАА РЕВОЛТ

Односот на властите е повеќе од скандалозен, како воопшто да не постоиме, а преку нас оди сè што се случува во овој кризен период.  Постојано се апелира пациентите да не чекаат влошување на симптомите, а имаме проблеми со закажување за тестирање поради воспоставениот алгоритам. Тоа ние како лекари треба да го правиме според наша проценка, а не да чекаме алгоритмот да го одобри тестирањето. Истовремено, треба да ни се помогне околу снабдувањето на медицинска заштита и средства за дезинфекција, бидејќи од почетокот на епидемијата до сега сè сами си купуваме. Не нема ниту во наградените, меѓу оние кои добија 40% од платата во платежни картички. Можеби не сме ангажирани директно во болниците, но ние сме исто така први на удар во целата оваа борба со корона вирусот, изјавија за Фактор матични лекари од неколку ординации во Скопје. 

Министерството за здравство е изненадено од денешниот протест на матичните лекари и причините кои се наведуваат за истиот, односно наводен игнорантски однос на власта и наводно непостоење поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денес. Во однос на точките кои ги наведуваат како спорни Министерството за здравство го појаснува следново.

Матичните лекари од првиот ден на епидемијата добија медицинска заштитна опрема и покрај тоа што министерството нема никаква обврска да ги снабдува со истото. Министерството им донираше на матичните лекари хируршки маски и платнени заштитни маски.
Матичните лекари се приватни здравствени установи (ПЗУ-а), а набавките се обврска на самата установа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

2020 година е најлоша година за туризмот во последната деценија, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам.

Директорите на болниците од 16 општини во Македонија, денеска, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, како и со Комисијата за заразни болести ќе ги продочжат активностите за подготовка за евентуален есенски бран на корона вирусот. 

Услугите на брз трансфер на пари им се познати на македонските граѓани – долги години поради потребата да се иселуваат и да работат надвор многу од гастарбајтерите дел од својата заработка им ја префрлаат на своите овде.

Погребалната дејност заради својата природа е услужна дејност за која воопшто не се зборува ниту се пишува. 

Онака како што сега изгледаат протоколите за работа на плажите и базените, тешко дека со нивно стриктно почитување ќе може да се обезбеди рентабилно работење.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична