23 Април, 2024
0.0255

ЗАГРОЗЕНИ СЕ НАЈМАЛКУ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА: Ја живееме најлошата туристичка година во една деценија

Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

2020 година е најлоша година за туризмот во последната деценија, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам.

Загрозени се најмалку 5.000 работни места поради пандемијата на коронавирусот. Последиците уште долго ќе се чувствуваат.

„Погоденоста на туризмот од здравствената криза и последиците од неа ќе бидат далекусежни, затоа што туризмот е единствена дејност која 100 отсто е зависна од патување. Во услови на ограничувања во патувањето  и затворени граници за одредени земји не можеме да зборуваме за остварување на туристички движења. Веќе навлегуваме во период кој во нормални услови би се сметал за висока сезоналност на остварување, но во вакви услови не можеме да се надеваме на реализација на предвиденото. Затоа може да потврдиме дека оваа година е најлоша година  не само во последните 5  туку и во последните 10 години. Доколку зборуваме за секторот туроператори и туристички агенции директно се загрозени 5.000 работни места, додека под знак прашалник се и останатите сектори хотелско сместувачките  објекти, превозниците и туристичките водичи. Нивната егзистенција се води од моментални случувања кои се премногу неизвесни“, вели таа.

Туристичката сезона е почната, но гости нема, и е многу поразлично од претходните години поради новонастанатата состојба.

„Сезоната означена со датум е одамна почната, но за жал таа не може да се означи како „сезона" од познати причини кои ги услови кризата со Ковид-19. Веќе е средина на месец јули, а организирани патувања нема. Она што останува од сезоната како ќе се реализира, останува да се види во зависност од факторите кои ги диктираат здравствените власти не само кај нас туку и во останатите земји. Искористеноста на домашните капацитети со системот ваучер од државата ќе ја означи оваа сезона со насока кон домашниот туризам. Каков ќе биде квалитетот  и колку понудата ќе одговори на барањата останува да се види по спроведување на овој систем“, додава Пејоска Ристеска.

Туристичките агенции ќе банкротираат, ако државата не ги продолжи економските мерки, предупредија минатата недела од секторот. Тие повторно испратија листа на барања до Министерството за економија.  Бараат субвенционирањето на платите да продолжи до крајот на годината, враќањето на кредитите да се одложи до септември идната година, а компаниите од секторот во наредните пет месеци да се ослободат од плаќање на ДДВ.

Истакнаа дека ако државата итно не им помогне, голем број на семејства ќе се најдат на списокот во Агенцијата за вработување.

Бараат измени во Протоколот за патување, со кои пополнетоста на капацитетот на автобусите наместо 50 ќе биде 70 отсто, а зелените картони да може да важат и во 2021 година.

Сметаат дека и туристичките ваучери треба да одат исклучиво преку туристичките агенции.

Државниот завод за статистика објави дека во мај во Македонија биле пријавени само 838 туристи.

Бројката е за 99.2 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик