11 Август, 2020
0.0266

За пет месеци ни легнале над 102 милиони евра од брз трансфер на пари

Објавено во: Финансии 14 Јули, 2020

Услугите на брз трансфер на пари им се познати на македонските граѓани – долги години поради потребата да се иселуваат и да работат надвор многу од гастарбајтерите дел од својата заработка им ја префрлаат на своите овде. Тоа често е и преку брз трансфер на пари. Законски впрочем брз трансфер на пари е електронски пренос на пари од едно физичко лице во една земја на друго физичко лице во друга земја во рок од 1 час од уплатата, независно дали преносот е од или кон Македонија. Се разбира не секогаш трансферот е од иселеници и не е целата сума таа која се пресметува како дознаки во земјава.

Фактор анализира колку пари се исплатени од трговски друштва кои се регистрирани за брз трансфер на пари годинава, а податоците ги споредуваме и со истиот период лани. Оваа година е специфична затоа што веќе од март почна драстична здравствена криза што се рефлектираше и на економијата. 

Народната банка има податоци за брз трансфер на пари до мај годинава. До крајот на петтиот месец од овие друштва се исплатени безмалку 103 милиони евра. Во исто време во нив од Македонија се уплатени 10,6 милиони евра. Разликата меѓу исплатите и уплатите е евидентна и покажува дека многу повеќе пари ни стасуваат овде отколку што ние испраќаме надвор. 

По месеци најголема исплата од друштвата за брз трансфер на пари имало во мај кога на конто на наши граѓани стасале над 33,8  милиони евра. Во април сумата е 21, 8 милиони евра додека во претходните три месеци била под 20 милиони евра. Во исто време уплатите се највиоски во мај исто така, но тие не варираат многу од месец во месец.

Ако споредуваме со минатата година, заклучно со мај лани вкупните исплати изнесуваат 74,4 милиони евра или за 28 милиони евра помалку во однос на оваа година. Вкупните уплати пак се 9,4 милиони евра. И тогаш многу повисоки се исплатите во мај, а тоа најверојатно е поради сезонските флуктуации.

Фактор веќе пишуваше и за размената на девизи во менувачниците годинава, а нашата анализа покажа дека во првите пет месеци граѓаните купиле девизи во вкупна вредност од 470 милиони евра. Во истиот период на менувачниците им продале речиси 160 милиони евра. 

Целата анлиза овде.

Девизи разменуваат граѓаните кои имаат вишок пари, додека значаен дел од продадените евра долари и ли други девизи потекнуваат и од странство, од иселениците кои работат надвор.  За годинава има значајни стравувања кои упатуваат на намалување на сумата на дознаките. Фактор веќе пишуваше дека дознаките се еден од каналите преку кој се очекува кризата да се пренесе врз домашната економија. Тоа го очекува и Народната банка според која направена е надолна корекција на суфицитот и се очекува намалување на дознаките за 2,8 процентни поени од БДП на годишна основа.

Според најновите податоци на НБРМ, во првите три месеци од годинава вкупната вредност на дознаките изнесува 45,6 милиони евра. Или, во јануари влегле 13,4 милиони евра, во февруари 14,5 милиони евра, а во март 17,64 милиони евра. Истовремено, одливот на девизи во јануари бил 1,37 милини евра, во фавруари 1,36 милиони евра а во март 1,69 милиони евра, или вкупно, 4,4 милиони евра.Приливот на дознаките од странство во првите три месеци од 2020 година е малку поголем од оној во истиот период лани, кој изнесувал 43,3 милиони евра. Во 2019 година, вкупниот прилив на дознаките изнесувал 195,6 милиони евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

НЛБ го зголеми кредитирањето, добивката изнесува 11,9 милиони евра

НЛБ го зголеми кредитирањето, добивката изнесува 11,9 милиони евра

НИНА АНГЕЛОВСКА: Ако не барате фискална и не скенирате - продавачот ќе ги земе вашите пари за себе

НИНА АНГЕЛОВСКА: Ако не барате фискална и не скенирате - продавачот ќе ги земе вашите пари за себе

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие