ДИК уверува дека има услови за безбедно гласање и повика граѓаните да излезат
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2020
Исполнети се сите услови за безбедно гласање, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).
Ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат.
„Апелирам граѓаните да излезат утре и да гласаат и да бидат сигурни дека се исполнети сите услови за безбедно гласање, пред сè за нивното здравје и за здравјето на сите што учествуваат во организација на овој процес. Да ги почитуваат препораките и процедурите, како од нас така и од здравствените власти се со цел заштита на овој процес, а и заштита на нивното здравје“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Денешниот е ден за гласање на болните и немоќните, лицата во домовите за возрасни, затворениците и притворените.
Вкупниот број на граѓани кои имаат право на глас денеска е 8.855, а до 15 часот гласале 7.170 лица.
Вчера гласаа заразените од коронавирусот и луѓето во самоизолација.
Утре е неработен ден, а право на глас имаат повеќе од 1.8 милиони избирачи.