06 Мај, 2024
0.0252

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за интервјуто на Заев, а короната однесе уште 39 животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ИНТЕРВЈУТО НА ЗАЕВ ЗА БГНЕС ПОТТИКНА РЕАКЦИИ

„Гоце Делчев е револуционер, и за Бугарите, и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија“, и за одринско, и за се.. И тоа е апсолутна реалност, вели премиерот Зоран Заев во интервју за бугарски Бгнес.

На забелешката од новинарот дека тогаш не треба да има никаков проблем да се каже како се чувствувал Гоце Делчев, Заев вели.

„Така е. Ние ги имаме книгите, и тие книги треба да се објават и историчарите тоа да го потврдат, и целото тоа треба да го направиме на најубав начин - како да станеме уште подобри пријатели, уште повеќе да соработуваме, кај младите луѓе да створиме плус атмосфера за да го користат тоа минато како скалило за подобра иднина“, објаснува накедонскиот премиер.

Додава дека ние во земјава веќе, имаме сменето преку дваесетина табли во државата каде што стои бугарски фашистички окупатор. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на вонредна прес-конференција искажа загриженост од наводите во последното интервју на премиерот Заев, потенцирајќи дека тоа што тој го кажал може да го начне македонскиот идентитет.

Историчарката Љубица Спасковска, која е дел од историската Комисија на Македонија и Бугарија вечерва ги осуди последните изјави на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто за БГНЕС.

39 ПОЧИНАТИ И НАД 1.200 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57,  Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3,  Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1078 оздравени пациенти од: Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10,  Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12,Кичево-72, Ресен-14, Неготино-14.

Починати се 39 лица, шеснаесет пациенти од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., 71г., 60г., 73г., 56г.), двајца од Куманово (70г. и 62г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76г., 68г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72г.,67г., 66г.), двајца од Струга (68г., 69г), двајца од Велес (67г., 78г.), двајца од Охрид (68г., 73г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41г.) и еден пациент од Неготино (40г.).

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАРА КАРАНТИН ЗА ПРИЛЕП

Прилепскиот градоначалник и лекар, Илија Јованоски, ќе бара карнтин за Прилеп, за да се ублажи лошата состојба во градот со коронавирусот. 

„Последните 9 дена има 26 починати, само вчера имаше само шест починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат од еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за Прилеп, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“, изјави прилепскиот градоначалник Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

ПАНОВСКИ СО АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНОСТА

Микробиологот, д-р. Никола Пановски денеска повторно преку својот профил на Фејсбук апелира до надлежните, пред се до Министерството за здравство дека во третманот на болните од ковид се даваат премногу антибиотици. Порачува да се преведат протоколите за Ковид-19, а како одлични ги споменува хрватските.

Во неговата објава пишува дека сепак е избегнато труење на пациентот, бидејќи како што вели, толку многу медикаменти, ниту здрав атлета не би ги издржал.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По 16 години поминати како прв човек на Институцијата што треба да ги штити правата на граѓаните од државните органи, Иџет Мемети ќе мора да ја напушти раководната палка. Тој таму “истера“ два мандати од по осум години и веќе нема право на реизбор.

Со измени на Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблици, Владата овозможува поевтина регистрација на овие возила за дури 50 отсто. 

Светиниколски БИМ од битуменски заштитни материјали оствари приход од 5 милиони евра и во корона криза има нето добивка од 593.000 евра што е за 80 отсто подобар резултат од лани. 

Ужас...Од Тито е тоа одделение...Ова ни во Сомалија го нема...Жалосно и страшно, да собереме по 100 денари цела Битола и да се санира оваа зараза и здрав да си ќе се заразиш...

Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта направи рекордна набавка од 60 илјади тони индустриска сол за 7 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран