20 Април, 2024
0.0298

Реакции за интервјуто на Заев

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Реакции за интервјуто на премиерот Зоран Заев дадено за БГНЕС.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на вонредна прес-конференција искажа загриженост од наводите во последното интервју на премиерот Заев, потенцирајќи дека тоа што тој го кажал може да го начне македонскиот идентитет.

„Ги предупредувам во Владата на Заев да не си играат и да го начнуваат македонскиот идентитет, бидејќи на тој начин ќе се соочат со сиот гнев на македонскиот народ и македонската нација, не само тука во Македонија, туку каде било во светот. Македонскиот народ го повикувам внимателно да ги следи овие денови кои што се пред нас, внимателно и будно заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата да следиме што преговара Зоран Заев и на што се е спремен, а потоа на соодветен начин, ако на каков било начин го навреди македонскиот идентитет да реагираме и да го спречиме. Јас ќе бидам прв во таа борба“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека загриженоста ја темели врз основа на тоа што Заев во интервјуто кажал оти Владата прифаќа анекс на Договорот за добрососедство, кажува дека овде постоела бугарска администрација, а ова интервју, според Мицкоски, може да се толкува и како прв чекор од откажување од македонското малцинство во Бугарија.

Со вакво скандалозно интервју Заев не го решава туку го одлага проблемот со Бугарија, вели Петар Богојески од Македонски концепт. 

Претседателот Стево Пендаровски не сака да ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев во која го нарече „не толку искусен политичар, како што е Зоран Заев“.

Српскиот портал „Политика“ ја пренесува изјавата на Заев каде вели дека во текот на втората светска војна  Бугарите биле „администратори“ на територијата на денешна Македонија.

„Гоце Делчев е револуционер, и за Бугарите, и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија“, и за одринско, и за се.. И тоа е апсолутна реалност, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто. 

Додава дека ние во земјава веќе, имаме сменето преку дваесетина табли во државата каде што стои бугарски фашистички окупатор. 

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители