27 Април, 2024
0.0288

„Рекордна“ јавна набавка на „Македонија пат“: Ќе треба да истури 60.000 тони индустриска сол за две години

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта направи рекордна набавка од 60 илјади тони индустриска сол за 7 милиони евра. Третиот тендер по ред во последните четири години го добива демирхисарската фирма „Димакс рудници ДООЕЛ“ а договорот е во траење од две години.

Ова е убедливо најголемата набавка до сега за добитникот на јавната набавка, а претходните два вредеа 2,4 милиони евра пред две години, кога беа набавени околу 20 илјади тони индустриска сол, и 1,4 милиони евра во 2017. „Димакс рудници“ редовно обезбедува и други материјали и услуги за поранешната „Македонија пат“.

Ова е рекорден издаток на јавното претпријатие, кое минатата година остварило приход од 1,085 милијарди денари, а поголемиот дел од средствата се од јавното претпријатие „Државни патишта“. Добивката, односно недотрошените пари кои лани останале неискористени изнесуваат 46 милиони денари, односно повеќе од двојно во однос на една година претходно.

Претпријатието лани потрошило 376 милиони денари за набавка на индустриска сол и ризла за зимско одржување, боја за бележење и битумен за санирање на оштетен пат, како и други материјали и суровини. Залихата на суровините и материјалите за една година од крајот на 2018 до крајот на 2019 се зголемила од 164 на 210 милиони денари.

„Македонија пат“ има обврски од 1,8 милијарди денари од почетокот на годинава. Зголемени се и кон добавувачите (716 милиони) и како неисплатени штети по извршни решенија (165 милиони), додека намалени се за ДДВ поради исплата од ЈП „Државни патишта“.

Од достапните јавни податоци се гледа дека на „Димакс рудници“ добро и оди со „Македонијапат“, особено кога станува збор за продажбата на сол. Имено, овие три тендери на „Димакс“ и носат вкупен приход од над 10 милиони евра. Оваа компанија од 2014 година до сега добила десетици тендери од „Македонијапат“. Другите  тендери се за набавка на потребен материјал за дејностите што го вржи „Македонијапат“ и се однесуваат на одржување на автопатите во земјава.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност