28 Април, 2024
0.0255

Која фирма за градежни материјали го зголеми профитот за 80 отсто во „корона криза“?

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Светиниколски БИМ од битуменски заштитни материјали оствари приход од 5 милиони евра и во корона криза има нето добивка од 593.000 евра што е за 80 отсто подобар резултат од лани. Успеале да го задржат нивото на приходи од продажба, а да ги намалат трошоците за 12 отсто

Некои компании едноставно не само што се во ризик туку и се отпорни на „корона криза“. Една од тие фирми е единствената домашна компанија за производство на битумен кој се користи во градежните материјали за хидроизолација. Тоа е компанијата БИМ од Свети Николе и освен што е единствена домашна фирма за хидроизолациски материјали од битумен е позната кај инвеститорите на берза како една од најредовните исплаќачи на дивиденда на своите акционери.

За првите девет месеци оваа компанија од Свети Николе остварила приходи од продажба во износ од 5 милиони евра и нето добивка од 593.000 евра. Приходите на друштвото се на исто ниво како и лани во првите девет месеци, кога биле само за 3 отсто повисоки. На домашниот пазар БИМ пласирал стоки и услуги во вредност од 2,9 милиони евра што е за 14 отсто повеќе од истиот период лани. На странските пазари пласманот е 2,1 милиони евра и тоа е 19 отсто помалку од лани. Залихите на крај на септември се на ниво од 588.000 евра.

Клучот на успехот на друштвото е во намалените оперативни расходи. Тие се пониски за 12 отсто во однос на лани и изнесуваат 4,17 милиони евра. Од тоа најголем дел е за набавка на суровини и други материјали на што отпаѓа 3,3 милиони евра, а и тоа е помалку за 16 отсто во однос на лани. Трошокот за вработените компанијата го зголемила за 11 отсто и сега изнесува 421.000 евра.

Оперативната добивка на оваа компанија на крај на септември во однос на лани бележи раст од 79 отсто и изнесува 659.000 евра. Нето добивката е 593.000 евра и е поголема за 80 отсто во однос на истиот период лани.

За последните три години таа компанија поделила дивидедна од 76 евра кумулативно, а специфика е што таа акција многу ретко се тргува на берзата. Последната пазарна цена е постигната пред три години и изнесувала 10.100 денари за акција. Најголем акционер е Стојанче Стојанов, претседател на Одборот на директори, кој поседува 53 отсто од акциите со право на глас. Уште 97 домашни физички лица поседуваат 42,5 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност