28 Април, 2024
0.1194

Помали трошоци за регистрација, ама увозот на половни автомобили годинава е преполовен

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Со измени на Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблици, Владата овозможува поевтина регистрација на овие возила за дури 50 отсто. Измени беа усвоени на вчерашната владина седница а власта се надева дека на тој начин ќе се обезбеди во буџетот приход од 25 милиони евра. Со пониски давачки ќе можат да се регистрираат возилата кои се увезени до 1 октомври годинава. Нема точна проценка колку автомобили се возат со страснки регистрации. Годинава е специфична и за увозот на употребувани патнички возила затоа што значајно е намален бројот ако се споредува со претходните години.

Последните податоци на Царинската управа покажуваат дека заклучно со октомври во земјава се увезени 18.145 употребувани патнички возила - лани бројот е за безмалку 12.000 повисок. Имено лани до тој месец биле увезени околу 30.000 половни патнички возила. Падот на увозот од Царинската управа го објаснуваа со воведувањето од годинава на механизмите во новиот данок на моторни возила, чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2. 

Прецизно годинава за 10 месеци се увезени 24.967 патнички возила од кои 4.275 се нови, а 18.145 се употребени. Во истиот период увезени се 1.753 употребувани товарни возила и 131 употребувани автобуси или минибуси.


Инаку по години, ако се анализира увозот на половни патнички автомобили до 2019 година имаше тренд на раст. Во 2017 увезени се 22.964 употребувани патнички возила, во 2018 година 30.237 половни патнички возила, а во 2019 година 38.580 возила.

Владата вчера соопшти дека одредбите од овој Предлог-закон се однесуваат на возила увезени до 1 октомври оваа година и со најмалку Еуро 4 стандард и ќе се применуваат за времетраење од една година. Предлог-законот ги опфаќа моторните возила за превоз на патници (категорија М), возилата за превоз на товар (категорија N), возилата на две и три тркала и квадрацикли (категорија L) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О)“. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност