29 Април, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Боки 13 осуден на 9, Јанева на 7 години затвор, а Русковска ќе поднесе жалба

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ИЗРЕЧЕНИ ПРЕСУДИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на 9 години затвор за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Катица Јанева на 7 години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Рекет“. Во казната затвор им се пресметува и времето поминато во притвор.

Јовановски откако ги примил во оптек парите, купувал луксузен мебел, брендирана облека, 13 уметнички слики од Личеноски, Мартиновски, Коџоман, Пандилов Аврамовски, Јаков, Бербер итн, и престојувал во луксузни летувалишта и хотели, иако бил невработен без приход. Судијата Васка Николовска рече дека дел од овие работи ќе му се конфискуваат, како и на Јанева, која како поранешна специјална обвинителка примила паричен поткуп од 50.000 евра и мебел во вредност од 300.000 денари. 

- Доволно релевантни факти се обезбедени, анализата на доказите овозможи судот неспорно да ја утврди фактичката состојба. Судот неспорно утврди кои дејствија ги извеле обвинетите, рече Николовска. 

Бојан Јовановски до Обвинителството ќе поднесе кривични пријави против актуелни функционери за повеќе кривични дела меѓу кои и злоупотреба на службената положба, измама и шпионажа. Кривична пријава ќе има и за Орце Камчев.

Oва го изјави адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во вечерашното гостување на Тв 24. 

РУСКОВСКА ЌЕ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА

Обвинителката Вилма Рускоска, застапникот на случајот „Рекет“, ќе поднесе жалба како незадоволна од пресудата од 9 години затворска казна за Бојан Јовановски и 7 години казна за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Русковска очекувала од 7 до 8 години затвор за Јанева, а за Јовановски над 10 години. Смета дека најголемиот дел од изнудените 1,5 милиони евра завршиле кај осудените.

„Дали ги задоволив очекувањата, треба да каже јавноста. Сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е мое лично убедување”, рече Русковска.

ДЕНЕС 182 НОВИ ЗАРАЗЕНИ И 6 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

182 новозаразени лица со корона вирусот се регистрирани денеска, починаа шест пациенти. Скопје е главното жариште со 107 нови инфицирани. Следуваат Тетово 23, Куманово 14,  Ресен 13, Охрид 6, Струга 5, Гостивар и Штип со по 4, Битола 2, и по еден нов случај во Струмица, Кочани, Берово и Неготино
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 40 КЛАСТЕРИ

Директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, денеска пред медиумите рече дека полицијата, односно МВР, не може да не знаела за собири во кои имало и до 200-тини присутни, од каде потоа се создадоа фамилијарните кластери на Ковид-19.

Таа додаде дека во периодот од 24 мај  па до сега регистрирани се повеќе од 40 големи кластери на територија на целата држава и неколку кластери, односно 20 на територијата на Град Скопје.

Таа додаде дека големите кластери се „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ и на нив присуствувале од 50 до 150, а некаде и 200 луѓе.

- Како Инспекторат не можеме да поверуваме дека не биле забележани и не интервенирало МВР, рече Сотирова Бухова.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доколку поради пандемијата на коронавирусот, се намали обемот на работа во индустриските капацитети кај нас, тоа ќе доведе до отпуштање на работници.

Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека самата министерка за финансии, Нина Ангеловска, со писмо ја известила Светска банка дека итниот поволен кредит од оваа меѓународна финансиска институција од 90 милиони евра, ќе биде повлечен по завршувањето на парламентарните избори во земјава кои ќе се одржат на 15 јули.

Ова Кочоска го тврди во интервју за Фактор, кое ќе биде објавено во наредниве денови. 

За половина година во казината, обложувалниците, автомат-клубовите и другите игри на среќа поминале 12.258 влогови и добивки од над 1.000 евра. Нема податоци за цела година, затоа што со законските измени, казината и другите приредувачи на игри на среќа мора да ги пријавуваат овие високи уплати и исплати од 1 јули 2019  во Управата за финансиско разузнавање.

Скапо ќе не чинат грешките кои се направија во водењето на оваа епидемија, а почнаа со објавување на изборната кампања, некаде на почетокот на месец мај, кога се разлабавија мерките во услови на флагрантно кршење на законите и прописите за заштита од заразни болести од страна на граѓаните, вели во интервју за Фактор, професор д-р. Никола Пановски, еден од врвните микробиолози во земјава.

Во време на голема загриженост како во наредниот период ќе се развива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, долгоочекуваните протоколи за работа на хотелите се веќе донесени. 

Писмото до Светска банка го испратив со цел да се избегне политизацијата на заемот, но и поради то што е подобро за него да одлучува Влада и Собрание со полн легтимитет.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце