28 Април, 2024
0.0341

Судот одлучи: Девет години затвор за Боки 13, седум за Јанева

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на 9 години затвор за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Катица Јанева на 7 години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Рекет“. Во казната затвор им се пресметува и времето поминато во притвор.

Јовановски откако ги примил во оптек парите, купувал луксузен мебел, брендирана облека, 13 уметнички слики од Личеноски, Мартиновски, Коџоман, Пандилов Аврамовски, Јаков, Бербер итн, и престојувал во луксузни летувалишта и хотели, иако бил невработен без приход. Судијата Васка Николовска рече дека дел од овие работи ќе му се конфискуваат, како и на Јанева, која како поранешна специјална обвинителка примила паричен поткуп од 50.000 евра и мебел во вредност од 300.000 денари. 

- Доволно релевантни факти се обезбедени, анализата на доказите овозможи судот неспорно да ја утврди фактичката состојба. Судот неспорно утврди кои дејствија ги извеле обвинетите, рече Николовска. 

„Од ноември 2019 до април 2020 Боки 13 кај Јанева преку претходно воспоставени пријателски односи влијаел да се изврши дејствие што не би смеело да се изврши и да му се укине мерката притвор и да му се определи куќен притвор на Јордан Камчев, осомничен во случајот „Империја“, со намера да се склучи спогодба и за полесни дела и да плати штета, да му се врати патна исправа, а за што и Зоран Милевски дал придонес да се воспостави контакт“, гласеше образложението на Николовска.

За тоа Јовановски и Милевски примиле награда од 1,5 милион евра. Јанева го прифатила влијанието на Јовановски, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила, при што прибавила значителна имотна корист со мебел и пари во износ од 50 илјади евра. Во месец ноември откако обвинетата донела наредба за спроведување на истражна наредба во случај „Империја“, користејќи ги околностите Зоран Милевски договорил средби со Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, и се одржале неколку средби додека Јовановски контактирал преку спикерфон со Јанева за да ја уверат Камчева дека имаат блиски односи.

Побарале за 500.000 евра на Камчев притворот да му биде обезбеден куќен притвор, а Јанева до Аплеациониот суд дала овластување мерката притвор да се укине, Апелациониот суд донел решение над Јордан Камчев да му е донесена таква мерка, по што можеле да го посетуваат неговиот дом и го уверувале во влијанието на Јованосвки над Јанева преку телефонски меѓусебни разговори.

Побарале 1,5 милион евра во разни апоени по што Камчев им ја дал фамозната тоба, а во периодот март/арил Јанева доставила  писмена согласност на Камчев да му се врати патната исправа и прибавила 300.000 денари мебел и пари од 50.000 евра.



Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце