14 Мај, 2024
0.0267

АНГЕЛОВСКА ВОЗВРАТИ: Кочоска кажува полувистини, пролонгирањето се бара за да се избегне политизација на заемот

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Писмото до Светска банка го испратив со цел да се избегне политизацијата на заемот, но и поради то што е подобро за него да одлучува Влада и Собрание со полн легтимитет.

Вака може да се парафразира одговорот кој Фактор го доби од министерката за финансии Нина Ангеловска, за информацијата од дополнителната заменичка во Финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, дека министерката иако можела сама да го потпише договорот за заем, сепак решила да го пролонгира, за што со писмо ја известила Светска банка.

Ангеловска смета дека информацијата од Кочоска е полувистина.

„Во последно време, секојдневие стана пласирањето на непотполни информации кои што по природа се еднакви со лажни информации. Не е точно, дека се работи за било какво премислување или пак дека во испратеното писмо се повикувам на добиен одговор од ДИК, како што не е точна ни формулацијата дека ДИК дал одговор кој вели дека Министерот за финансии може сам да го потпише заемот. Транспаренстноста во политиката и јавните финансии е клучна, а исто толку пласирањето на потполните информации пред јавноста“, вели Ангеловска за Фактор.

Ова следува откако во интервју за нашата редакција, Кочоска утрово нагласи дека самата министерка за финансии, Нина Ангеловска, со писмо ја известила Светска банка дека итниот поволен кредит од оваа меѓународна финансиска институција од 90 милиони евра, ќе биде повлечен по завршувањето на парламентарните избори во земјава, кои ќе се одржат на 15 јули.

Ангеловска во својата реакција вели дека релациите на добра соработка и доверба се градат и треба да се одржуваат, и затоа, нагласува министерката, неодговорно е релациите со партнер како Светската Банка, која е наш голем поддржувач и чија поддршка е повеќе од добредојдена во вакво време, да се доведуваат во ваква ситуација преку медиумите.

„Испратеното писмо има содржина која јасно и недвосмислено кажува дека поради избегнување на политизација на овој заем, како и поради значајната намена на средствата од истиот и можноста за негово ратификување по формирање на Влада и Собрание, подобро е за неговата ратификација и потпишување да одлучи Влада и Собрание со полн легитимитет, наместо техничка Влада во вонредна состојба во услови кога не постои консензус. Ова уште повеќе имајќи предвид дека Владата до сега одлучила дека е значаен политички консензус за сите заеми - па претходните 4 потпишани заеми меѓу кои еврообврзницата, заемот од ММФ, заемот од ЕУ и заемот од Светска Банка во висина од 50 милиони за поддршка и финансисрање на мерката за финансиска поддршка на работодавачите заради исплата на плати се потпишани и од министерот за финансии и од дополнителниот заменик министер за финансии“, вели Ангелвска.

Според првата финансиерка, заемот од февруари на кој се повикува дополнителната заменик министерка не е воопшто споредлив со овој, ако имаме предвид дека за истиот имаше донесен Закон за задолжување од страна на Парламентот пред неговото распуштање. Согласно тоа потпишувањето на заемот произлегуваше од веќе донесен закон, а истиот беше потпишан по негово усвојување на бордот на Светската банка.

„Дополнително она што е навистина чудно е што тврдењата на дополнителната заменик министерка пред јавноста беа дека таа се грижи да го контролира трошењето и задолжувањето во името на граѓаните и дека нема да дозволи нешто што таа не смета дека е оправдано да се потпишува. Ако таа навистина не е убедена во целите на заемот, станува нејасно како одеднаш изразува согласување и испраќа пораки дека министерот за финаниси може да пристапи сам да го потпише заемот“, вели за Фактор Ангеловска. 

Јасно е дека оваа криза, додава министерката, не најде во предизборен период и тоа го прави менаџирањето уште потешко, но јас верувам дека граѓаните и јавноста може да направи вистинска и реална проценка на нешатата. Затоа е важно да ги има секогаш потполните и точни информации. 

Кредитот од Светска банка тежи 90 милиони евра и е со поволни услови, а требаше да биде наменет за справување на земјава со здравствените проблеми, но и за економската помош и мерки за стопанството и граѓаните.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!