14 Мај, 2024
0.1414

ЕКСКЛУЗИВНО Кочоска: Министерката Ангеловска самата со писмо бара кредитот од Светска банка да се троши по изборите

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека самата министерка за финансии, Нина Ангеловска, со писмо ја известила Светска банка дека итниот поволен кредит од оваа меѓународна финансиска институција од 90 милиони евра, ќе биде повлечен по завршувањето на парламентарните избори во земјава кои ќе се одржат на 15 јули.

Ова Кочоска го тврди во интервју за Фактор, кое ќе биде објавено во наредниве денови. 

Според неа и покрај тоа што во петокот минатата недела Државната изборна комисија донела одлука дека овој заем Ангеловска може и самата да го потпише и парите да се повлечат без потписот на дополнителната заменичка Кочоска, министерката самата со писмо ја известила Светска банка дека кредитот треба да се повлече по изборите.

Како што е познато, станува збор за поволен заем од 90 милиони евра наменет за земјава за справување со корона кризата, но Кочоска одбиваше да го потпише, со образложение дека Владата нема силни аргументи за намената за која ќе бидат потрошени парите. 

За ова Кочоска беше критикувана од Владата дека одолговлекува земање на поволен кредит кој сега за земјава е нужно потребен за големите здравствени потреби, но и за помош на стопанството и граѓаните погодени од економските последици од кризата.

„На овие критики најмногу би одговорила со писмото на министерката за финансии испратено до Светска банка, а кое го добив пред два дена, каде што таа кажува дека иако ДИК одлучи дека министерката може и без мој потпис да го потпише кредитот со СБ, таа сепак, испрати писмо до СБ и кажа дека нема да го потпише кредитот, и ќе го остави за после избори. И тука, не би дискутирала повеќе... Два дена по ред имавме комуникација на Владата, првиот ден разговаравме, вториот ден рековме ќе одиме точка по точка ќе ги разгледуваме прашањата. Веќе вториот ден баравме и некои други податоци во Службен весник, и забележавме дека во февруари министерката веќе има потпишано еден кредит со Светска банка без мој потпис. И се постави прашањето ако тој кредит го потпишало, а веќе беше техничка Влада, зошто да не може овој кредит да го потпише... За овој кредит од 90 милиони евра ДИК јасно и гласно кажа дека министерката може да го потпише кредитот без мој потпис. Значи, нема никаква дилема дека министерката може да потпише без мене, но иако може, еве го нејзиниот одговор.... Зошто, ако е убедена дека итноста на кредитот е голема, и може сама да го потпише. Јас кога би била убедена во ова, би го потпишала. Ако зборуваме дека е за здравство, дека е битно, зошто да имаме дилеми. Јас не би имала дилеми никакви. Нема причини, но очигледно е дека имаме дилеми“, вели Кочоска во интервју за Фактор.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!