20 Мај, 2024
0.0305

Џонсон Мети за Фактор: Намалувањето на бројот на вработени ќе биде постепено

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Имаме флексибилен и разновиден бизнис, постигнавме добар напредок во 2019/20 година и покрај предизвиците што ги поставува пандемијата на вирусот COVID-19, велат од Џонсон Мети за Фактор откако беше објавено дека компанијата на глобално ниво ќе скрати 2.500 работни места. Додаваат дека направиле измени и инвестиции за да се осигураат дека Џонсон Мети е во позиција да ја реализира сопствената стратегија. Постигнатите резултати покажувале дека тоа веќе почнува да се ефектуира.

Но, светот е неизвесен а ние треба да ги забрзаме нашите стратешки иницијативи и затоа, ги објавивме плановите за овозможување на понатамошна ефикасност на нашиот бизнис. Промените ќе бидат направени во текот на следните три години. За тоа време ќе ја поедноставиме нашата организација и ќе работиме на поинаков начин. За жал, веруваме дека влијанието на овие промени ќе значи помалку работни места во Џонсон Мети. Ќе се консултираме со групи вработени во врска со намалување на околу 2.500 работни места на глобално ниво, што претставува околу 15 отсто од вкупната моментална работна сила, стои во соопштението.

Велат дека очекуваат околу половина од овие намалувања на ниво на групација да се случат во текот на следните 12 месеци и ќе претставуваат микс на намалување на работни места и луѓе што доброволно заминуваат од Џонсон Мети. 

„Воедно, внимателно ќе бараме можности за прераспоредување во групацијата за оние колеги што ќе бидат погодени од овие измени. Моментално, сè уште ги развиваме нашите планови и ќе се консултираме за нив, како што се бара, пред да бидат финализирани. Во догледно време ќе следуваат дополнителни информации, велат од Џонсон Мети.


Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген