20 Мај, 2024
0.0256

Цената на нафтата оди надолу, за колку се тргуваше?

Објавено во: Економија 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата вчера паднаа на меѓународните пазари под нивото од 56 долари. 

Ова се случува поради објавените податоци за рекордното ниво на резервите во САД и немаленото руско производство минатиот месец. 

На лондонската берза цената на барелот падна 75 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 55,61 долар за барел. За ист износ барелот поевтини и на американскиот пазар, каде што се тргуваше по цена од 53,08 долари.

Податокот на американската влада покажува дека резервите на сирова нафта минатата недела пораснале за 1,5 милиони барели, на рекордни 520,2 милиони барели.

На овој податок се надоврза и оној за непроменетото руско производство во февруари, од 11,11 милиони барели дневно, сигнализирајќи пауза во обидите на Москва да го ограничи производството во рамки на меѓународниот договор од ноември минатата година.

Истражувањето на Reuters, пак, покажа дека Организацијата на земји-извознички на нафта(ОПЕК) во февруари го намалила производството втор месец по ред, со што достигнале околу 94 отсто од договореното намалување и дополнително го поправиле резултатот од јануари.

„Над пазарот се шири застојан мирис“- констатираше на Глобалниот нафтен форум на Reuters, Оле Хансен од Saxo Bank, алудирајќи на тесниот ценовен распон.

Цените на нафтата се невообичаено стабилни откако водечките производители на чело со ОПЕК во ноември договорија намалување на производството и нивните промени не надминуваат пет долари.

Рускиот министер за енергетика вели дека сè уште не може да се каже со сигурност дали договорот ќе биде продолжен и во втората половина на 2017 година.

ОПЕК денеска соопшти дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во среда изнесувала 53,83 долари. Тоа значи дека цената пораснала за 42 центи, споредбено со ден пред тоа. 

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген