20 Мај, 2024
0.0271

Агрокор должи, доставувачите молчат

Објавено во: Економија 04 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Долговите за испорачана стока на ниво на целата група се 2.2 милијарди евра, а роковите за исплата одамна се пробиени. Доставувачите велат дека од јули не им стигаат фактури. 

Најголемата хрватска компанија Агрокор се соочува со финансиски проблеми на домашниот пазар. Ова почна да се шушка од доставувачи кои по обичај последни се јавуваат. 

Дали поради страв дека ќе бидат елиминирани од рафтовите или заради солидарност со работодавецот, на редакцијата на српскиот медиум Политика им беше тешко да добијат информација дали Агрокор во Србија или некоја од нивните компании должи. 

Некои од големите српски компании не сакаа да се изјаснуваат на оваа тема, а други рекоа дека Тодориќ ништо не им должи, додека други не сакаа да коментираат. 

Пред неколку денови за хрватските медиуми еден од доставувачите си ја отвори душата и кажа дека немаат фактура уште од јули, а тоа се веќе седум месеци. 

Според тврдењето на произведувачот, многу мали компании кои соработувале со Агрокор дури сега пропаднале. На други иднината им е неизвесна поради финансиски проблеми, а компанијата бара решение за поголеми проблеми, но не и за доставувачите. 

Според званичните податоци за девет месеци лани, Агрокор на доставувачите на ниво на група должи 2.2 милијарди евра. На српските фирми им должат стотини милиони евра. 

Хрватски аналитичари велат дека долговите кон доставувачите се три пати поголеми од побарувачката од купувачите.

Се зборува дека сопственикот на Агрокор сега целиот товар го префрлил на доставувачите. 

Рејтинг агенцијата Мудис соопшти дека Агрокор има големи долгови кон доставувачите во однос на просекот во секторот, 

„Тие достигнаа 16.2 милијарди куни до септември минатата година, што одговара на плаќање во рок од 150 дена. Тоа е многу повеќе од 60 или 90 дена колку што имаат други компании. Потенцијалното скратување на роковите може да влијае на ликвидноста на Агрокор“ - велат од Мудис. 

Според српските закони, роковите за исплата се 60 дена, но со години ова не се почитува и роковите се подолги. 

Според податоци од Агенцијата за стопански регистри, во 2015 година фирмите на доставувачите им должеле 6.4 милијарди евра или 7 пати повеќе од година претходно. 

Во тој момент тоа било петина од БДП на Србија. 

Економистите велат дека со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Агрокор, штети можат да трпат и компании во Србија. 

Консултантот за странски вложувања, Милан Ковачевиќ за Политика вели дека се користи монополот кој една фирма го има. 

Други пак објаснуваат дека е потешко да се наплати стока, отколку да се испорача и извезе. 

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген