21 Мај, 2024
0.0262

За која струја плаќаме 202 евра за мегаватчас?

Објавено во: Економија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Дали е мит дека сонцето е ефикасен извор на струја. И лани сонцето не изгоре. Просечна цена што ја плаќаме за еден мегаватчас струја е 202 евра и е убедливо најскапо во однос на водата, ветерот и биогасот. И згора на тоа производството од сонце е убедливо најмало

Просечната цена што лани сме ја плаќале за еден мегаватчас електрична енергија произведена од сонце изнесува 202 евра за еден мегаватчас електрична енергија, покажуваат официјалните податоци достапни во годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика достапен на нивната веб страница.
Тоа е пет пати поскапо од цената за секој произведен мегаватчас струја од јаглен што ја да државната компанија ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) и повеќе од три пати поскапо од просечната годишна цена за мегаватчас електрична енергија на една од соседните берзи во Србија или во Бугарија.

Дали вреди да плаќаме 202 евра за произведен мегаватчас електрична енергија од сонце?

Македонија има 102 компании кои имаат привилегирани цени за производстви на електрична енергија од сонце. Тоа се таканаречени фотоволтаици или електрични централи кои имаат мал инсталиран капацитет за производство, во споредба со ветер, биогас или вода, и сончевата светлина ја претворуваат во електрична енергија. Лани тие 102 централи произвеле 22.788 мегаватчасови електрична енергија. Тоа е производство што може да ги задоволи потребите за струја на цела Македонија за само еден просечен зимски ден. 
За тие произведени 22.788 мегаватчасови електрична енергија сме платиле вкупно4,6 милиони евра или за секој произведен мегаватчас по 202 евра.

Соларната електрична енергија во земјава има највисока привилегирана односно повластена цена во споредба со другите обновливи извори на електрична енергија.

Од официјалните податоци што ги објави РКЕ е видливо дека производителите на струја од сонце, со повластена цена, се најскапите производители.

Еве ги просечните цени за произведен мегаватчас струја од ветер, вода, сонце и од биогас за лани

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен