Вучиќ бил во животна опасност
Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2019
Српскиот претседател, Александар Вучиќ вчера бил во животна опасност.
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за Танјуг нагласи дека претседателот на државата Александар Вучиќ имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба се влошила во петокот, кога решил да се обрати на лекари од ВМА.
„Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен“ – изјави министерот Лончар.
Вели дека Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.
Вучиќ вчера се заблагодари на сите кои се грижеа за него.