ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци
Објавено во: Балкан 23 Април, 2024
Се јавија нови сведоци за убиството на девојчето од Бор, Данка Илиќ. Надлежните не открија за колкава бројка на нови сведоци станува збор.
Во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) утре во Заечар ќе почне ново сослушување сведоци кои би можеле дополнително да ги расветлат околностите во кои починала 2-годишната Данка Илиќ, пишува српски Б92.
Меѓу сведоците е и таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ, Душан Јанковиќ, кој се брани со молчење, потврдуваат од ВЈО во Заечар.
„Досега се сослушани 14 сведоци. Сослушувањето на сведоците ќе продолжи од среда, на 24 април. Во интерес на истрагата, не можеме да кажеме уште колку сведоци ќе бидат сослушани“, велат од ВЈО во Заечар.
На 26 март во Бањско Поље, девојчето исчезна, по што Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле Данка со службено возило „фиат панда“, ја задавиле и ја фрлиле на дива депонија. Тие на 4 април признаа дека ја убиле Данка, а телото сѐ уште не е пронајдено.