21 Мај, 2024
0.0251

ВО ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР КАСТРО ЈА НАЈАВИ СВОЈАТА СМРТ: Наскоро ќе завршам како и сите други ...

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Светот утрово се разбуди со веста дека починал Фидел Кастро. Поранешниот претседател на Куба и водач на Комунистичката револуција почина во 90-тата година од својот живот, јави државната телевизија на Куба.

Повеќе детали не се соопштени.

Фидел Кастро владееше со Куба речиси половина век пред да му ја предаде власта на својот брат во 2008 година.

Последен пат во јавноста се појави во април оваа година, на затворањето на конгресот на Комунистичката партија. Фидел е дочекан со акламација на речиси 1000 делагати присутни на Конгресот на кој не биле повикани странски медиуми.

Кастро во говорот на крајот на собирот рекол дека наскоро ќе умре и ги повика членовите на партијата да помогнат неговите идеи да опстанат, и така на некој начин можеби и ја најави својата смрт.

„Наскоро ќе наполнам 90 години“, рекол Кастро, во своето најдолго јавно појавување во повеќе години.

„Наскоро ќе завршам како и сите други. Времето ќе дојде за сите нас, но идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на оваа планета, ако се работи со жар и достоинство, може да се произведат материјални и културни добра кои им се потребни на луѓето, и потребно е без прекин да се бориме тоа да го оствариме“, рекол тој.


„На своите пријатели во Латинска Америка и во светот треба да им кажеме дека кубанскиот народ ќе победи“, рекол Фидел.

Во конференциската палата во Хавана делегатите се кренаа на нозе и извикуваа „Фидел, Фидел“, штом се појави на подиумот.

Кастро претходно се појави во јавноста на 7 април, прв пат после долго отсуствување од девет месеци, кога во едно училиште во Хавана говореше за позитивните страни на кубанскиот училиштен систем, а пред тоа во јули 2015.

Тој, меѓутоа, до скоро редовно во својот дом ги примаше лидерите на пријателските земји и државните медиуми објавуваа фотографии од тие средби.

Можеби ќе ве интересира

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите