20 Мај, 2024
0.0256

Ван Ромпуј: Постигнат е договор за банкарска унија

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Постигнат напредок во формирањето на европска монетарна и банкарска унија и договор до крајот на годината да се усвои и на почетокот на 2013 година да стартува Единствениот супервизорски механизам (ССМ), како и надеж дека Евроспката унија ќе ги продлабочи односите со Кина, денеска со ваков заклучок заврши дводневниот Самит на Европскиот совет. Претседателите на Советот, Херман ван Ромпуј и на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, на туку-што завршената прес-конференција во зградата “Жустус Липсиус” ги посочија заклучоците и своите импресии од исцрпната 24-часовна средба со шефовите на државите и владите ан земјите-членки на ЕУ. - Доцна синоќа со лидерите на земјите-членки се договоривме околу банкарската унија, додека денеска дискутиравме за две работи, а тоа се економскиот раст и вработување и надворешната политика. Во заклучоците на Европскиот совет се потенцира потребата да се превземе акција во врска со состојбата околу имплементацијата на договорот за раст и вработување што го постигнавме на Самитот во јуни оваа година. Со колегите од Советот ги разгледавме сите области каде е потребен итен прогрес, додека Европската комисија презентираше деталите околу притисокот кон земјите-членки за политика за раст и вработување – истакна  Ван Ромпуј.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра