20 Мај, 2024
0.0271

ТРЕТА БЛОКАДА КАЈ ЖЕЛИНО: Југохромци бараат да се вратат на работа

Објавено во: Економија 02 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Работниците од фабриката Југохром од Јегуновце денеска го блокираа автопатот Тетово-Скопје, со барање да се вратат на работа. 

Тие од 11 до 13 часот ја блокираа наплатната рампа кај Желино. Ова го прават по трет пат со цел да издејствуваат остварување на своите барања. 

„Нашите синдикални барања се Владата да овозможи Југохром да ги вклучи печките со работа, а второто кон менаџерскиот тим од кого бараме да се заврши системот за отпрашување. Судбината сега е во раце на Владата, утре имаме средба со премиерот Емил Димитриев и ќе се знае дали ќе одат вработени под Агенција за вработување како невработени или пак ќе се вратат на работните места. Ние како синдикат повеќе не разговараме со менаџерскиот тим за статусот на вработените затоа што сметаме дека се исцрпени сите можности од компанијата да се задржат вработените на работа. Од вчера вработените немаат здравствено осигурување и покрај симболичните плати од 4.000 до 5.000 денари, компанијата не може да ги исплати“ - изјави Светислав Спасовски од синдикатот на Југохром.

Работниците автопатот го блокираа и на 11 ноември 2016 година како и во јануари.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?