21 Мај, 2024
0.0281

Стопанска комора ќе ги следи домашните претпријатија што добија финансиска поддршка од државата

Објавено во: Финансии 06 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија денеска јавно го поздрави донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и порача дека само со државна помош на големите, успешни компании може да се зголеми бројот на конкурентните, извозно ориентирани производи што ќе ја придвижат економијата. 

Комората, како што беше речено на прес-конференција, ќе ги посети компаниите што добија пари согласно законот за да апелира на негова доследна примена, но и ќе ја промовира потребата од дополнителни вложувања од страна на државата во бизнис секторот. 

- Законот потврдува дека постои јавно-приватен дијалог и партнерство. Во него се инкорпорирани сите наши укажувања, дефинирани уште пред десетина години. Само преку државна помош на бизнисот, може да се зголеми бројот на индустриските производи со конкурентска предност, напомена Анета Трајковска од Стопанската комора. 

Трајковска посочи дека во перидоот од 2006 до 2016 година двојно е намалено учеството на индустријата во создавањето БДП, од 32 на 15 отсто, а речиси преполовен е и бројот на конкурентни, извозни производи, од 675 на 461. 

Одговарајќи на новинарски прашања, Трајковска рече дека првите сто компании кои потпишаа договор за поддршка од државата се само почеток на целиот процес. 

Во врска со обвинувањата дека дел од овие компании се блиски до власта, Трајковска напомена дека критериумите во законот се јасни и транспарентни, а ги опфаќаат сите фирми што оствариле профит. 

Стопанската комора на прес-конференцијата ја подели брошурата „Време е за промена на моделот за економски развој“, изготвена пред 10 години и во која, како што истакна Трајковска, меѓу другото се содржани и предлозите на бизнис заедницата што веќе се дел од Законот за финансиска поддршка на инвестициите


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата