20 Мај, 2024
0.0282

Со кои земји најмногу тргувала Македонија во јануари?

Објавено во: Економија 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Во јануари 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Кина и Србија.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесува 19 903 303 илјади денари и бележи пораст од 11.9% во однос на истиот период од претходната година. 

Вредноста на увезената стока, во јануари 2017 година, изнесува 26 847 907 илјади денари, што е за 23% повеќе во споредба со истиот период лани. 

Трговскиот дефицит, во јануари 2017 година, изнесува 6 944 604 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2017, изнесува 74.1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во јануари 2017 година, изнесува 323 182 илјади евра и бележи пораст од 12.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 436 216 илјади евра, што е за 23.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2017 година, изнесува 113 035 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесува 343 784 илјади американски долари и бележи пораст од 9.6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 463 628 илјади американски долари, што е за 20.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2017 година, изнесува 119 844 илјади американски долари.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?