26 Април, 2024
0.0286

Ширењето на коронавирусот е надвор од контрола, алармира СЗО

Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Од Светската здравствена организација алармираат дека коронавирусот брзо се шири и е надвор од контрола. 

Директорот на СЗО, Тедрос Гребрејсус изјави дека од повеќе од 11,8 милиони случаи во светот, колку што се пријавени во таа организација, половина се потврдени во изминатите шест недели.

Според него,  пандемијата укажала на нееднаквости на глобално ниво и во одделни земји како во медицинскиот систем така и во поширокото општество, пренесува „Гардијан“.

„Обично се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политичките разлики, ниту за оние меѓу здравјето и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на Ковид-19, дефинитивно, ги избриша сите нив“, изјави Гребрејсус.

САД, Бразил, Индија, Русија и Перу се земји со најмногу заболени во светот. 

Зад нив се Чиле, Шпанија, Британија и Мексико. 

Што се однесува до нашата земја, за 24 часа имаме нови 168 заразени и 3 починати. 

По 137 дена на одделението за интензивна нега во болницата „Папата Јован“ во италијанскиот град Бергамо нема ниту еден пациент со коронавирусот, а овој град во Ломбардија броеше илјадници заразени и починати пациенти од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари