21 Мај, 2024
0.0279

Се спојуваат двете најголеми грчки банки

Објавено во: Балкан, Финансии 06 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Најголемата грчка банка „National Bank of Greece“, објави дека доставила понуда за спојување со нејзиниот најголеми конкурент во земјата „Eurobank“, соопштија светските агенции. Според предлогот за спојување, акционерите на „Eurobank“ ќе добијат по 58 акции од новата банкарска групација за секои 100 акции што ги поседуваат во моментов. Грчките банки се силен притисок за спојување, откако претрпеа големи загуби од тригодишната криза и од отпишувањето на дел од грчкиот долг. „Понудата за спојување има за цел создавањето на голема банкарска група во Грција, која ќе го стабилизира грчкиот банкарски систем и ќе ги обезбеди потребните финансиски средства за структурни промени во грчката економија", изјави претседателот на„ National Bank of Greece“, Јоргос Заниас. Во петокот, грчката берза привремено ја прекина трговијата со акциите на двете финансиски институции по информации во медиумите за нивното евентуално спојување. Со обединување на двете банки ќе се создаде најголемата институција во Грција на пазарот на кредити, депозити и со нараспространета мрежа филијали. Новото, заедничко кредитно портфолио ќе изнесува 109 милијарди евра, 89 милијарди депозити и 178 милијарди евра средства. Само во Грција групацијата ќе брои 944 филијали. Ова неделава е втора најава за голема банкарска зделка во Грција.  Пред неколку дена стана јасно дека француската банка „Credit Agricole“  ја избрала Алфа Банка како најдобар понудувач за грчката банка Емпорики. Во наддавањето за Емпорики учествуваа исто така и „National Bank of Greece„ и „Eurobank“.  

Можеби ќе ве интересира

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка