Русија урива рекорди со бројот на починати од корона
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Јули, 2021
Русија урива рекорди со бројот на починати од коронавирусот,
Земјата вчера регистрираше 23.947 нови случаи и повторно рекорден број на починати, втор ден по ред имаат по 799 жртви. Русија е на удар на нов бран на коронавирусот, а властите тоа го препишуваат на заразниот делта сој, пренесува Ројтерс. Некои научници сугираа дека во минатите денови, сепак, бројот на нови случаи почнал да опаѓа, барем во главниот град Москва.
Но, не е само Русија. И многу други земји се соочуваат со истото.
Турција исто така поставува рекорди со бројот на заразени кој веќе надминува 13.000 дневно.
Соседна Бугарија се затвори за патници од четири земји поради ширењето на коронавирусот.