Од утре Бугарија се затвора за патници од четири земји
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2021 07:14
Источниот сосед ги ограничува патувањата.
Бугарија од утре се затвора за патниците од Холандија, Малта, Андора и Грузија. Ова се однесува за патниците странци кои ќе пристигнуваат од наведените земји. Дописникот на МИА од Софија јави дека на бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за коронавирус, независно дали се вакцинирани или не.
Во Црвената зона од минатата недела се наоѓаат Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт. Влегувањето во црвената зона значи дека Бугарија не дозволува посети од овие земји, освен ако не се работи за бугарски државјани и лица со статус на постојан, долгорочен или продолжен престој во земјата и на членовите на нивните семејства. Во овие случаи, не е важно дали некое лице е вакцинирано и ќе мора да приложи негативен ПЦР за влез во Бугарија. Можно е тестот да се замени со 10-дневен карантин и да се откаже доколку се прикаже негативен тест за ПЦР во рок од 24 часа по собирањето.
Бугарија им дозволува на туристите од Русија да влезат со негативен ПЦР тест, без рзлика дали се вакцинирани.
На Балканот расте бројот на заразени со коронавирусот. Алармантно е во Грција, но расте бројот на инфицирани и во Србија. Делта сојот многу брзо се шири.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





