21 Мај, 2024
0.0416

Раст на јавниот долг, за колку е набилдан годинава?

Објавено во: Финансии 03 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Јавниот долг на државата на крајот на првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра што е 47,7 отсто од предвидениот БДП за годинава, објави Министерството за финансии. Долгот пораснал и на квартално и на годишно ниво. Во истиот период државниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 39,9 проценти од проектираниот БДП.

Според податоците, ако се споредува со крајот на минатата година или само оваа, државниот долг пораснал за 0,6 проценти, додека јавниот долг се зголемил за 0,2 процентни поени. Во јавниот долг влегуваат и долговите на јавните претпријатија и долгот кој државата го гарантира за државните друштва. На крајот на 2017 година вкупниот јавен долг бил 47,6 отсто од тогашниот БДП, додека своевидниот рекорд е во 2016 година кога јавниот долг изнесуваше 48,5 отсто од БДП. Во сума секако долгот има нагорен тренд.

Македонија ја издаде во јануари годинава шестата еврообврзница во вкупен износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од седум години и камата од 2,75 отсто. Тие пари државата ги користи за покривање на буџетскиот дефицит, да ги плаќа редовните буџетски потреби, но и да враќа стари долгови. Владата се задолжува и дома, а од Министерството за финансии велат дека се фокусираат на долгорочни хартии од вредност. Во април беше издадена и 30-годишна државна обврзница.

Во последните десет години јавниот долг на земјава значајно се зголеми. Во 2008 година беше 23 отсто од БДП и од тогаш е во постојан раст. Познавачите немаат дилема дека задолжувањата не се опасни единствено ако парите се потрошени за проекти кои би носеле иден раст. Македонското искуство за сега не е такво.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена