21 Мај, 2024
0.0272

Приштина не сака Русија да се меша во дијалогот со Белград

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Косово не сака во дијалогот со Србија да се вклучи Русија. 

Министерката за дијалог во косовската влада, Едита Тахири ја отфрли можноста за вклучување на Русија во дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина, во кој посредува Европската Унија.

Учеството на Русија „би било неприфатливо“, изјави Тахири, пишуваат косовските медиуми.

Оваа реакција на Тахири следи по пишувањата на српските медиуми дека во дијалогот меѓу Белград и Приштина до крајот на годината би можеле да се вклучат нови „играчи“ – од Германија и Америка доколку со тоа се согласат двете страни, но и дека српскиот државен врв би можел да бара вклучување на Русија.

Како што се шпекулира, разговорите со српскиот и албанскиот тим во иднина во име на Европската Унија оперативно би можел да ги води многу искусен германски политичар, додека Вашингтон би станал „набљудувач на целиот процес“.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини би останала главен медијатор на дијалогот.

Можеби ќе ве интересира

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило