26 Мај, 2024
0.0317

Предраг Стојковски - „Нова Солутионс“: Instagram кампањите и инфлуенсерите се иднината

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Разговараме со Предраг Стојковски, извршниот директор на Нова Солутионс маркетинг агенција од Битола, за тоа колку  клиентите денес се спремни да инвестираат во квалитетни дигитални кампањи, дали компаниите во Македонија имаат свесност за значајот на квалитетна интернет маркетинг кампања и колку е битно да се мерат ефектите на истите.

Овој месец Нова Солутионс прославува 11 години на работење на македонскиот пазар. Која е вашата оценка за дигиталниот маркетинг во овој период? Што се смена во однос на периодот кога почнавте да работите? 

Кога ќе се погледни од оваа дистанца, периодот од 11 години навистина брзо помина, исто така и промените во дигиталниот маркетинг. Пазарот стана поконкурентен, клиентите станаа повеќе едуцирани и информирани. Социјалните мрежи исто така се сменаа. Пред се мислам на Facebook кој што од мрежа за поврзување на луѓето, стана сериозна корпорација фокусирана на зголемување на приходите.

За овие 11 години Facebook го промени во целост својот алгоритам на пребарување, вештачки ја намали (и продолжува да ја намалува) органската видливост на објавите, воведе нови формати на огласување и во целост стана нешто сосема друго во однос на период од пред 11 години. 

Исто така, се појави и Instagram како најбрзо растечка мрежа, Twitter не е актуелен како порано, LinkedIn станува се поозбилна алатка за огласување, се поактуелно е користење на инфлуенсери. Покрај овие социјални мрежи имаме и други платформи за коминицирање кој што можат ефикасно да се искористат во маркетинг цели како што се Viber, Snapchat, Massinger ботови но и Giphy.com

Колку се клиентите денес спремни да инвестираат во интернет маркетинг кампањи? Дали интернетот и понатаму  се смета како „евтин“ маркетинг канал на комуникација кој што не бара премногу инвестирање?

Пред 11 години би ви одговорил дека, компаниите воопшто не се спремни да инвестираат во дигитален маркетинг, но денес состојбата е поинаква. Генерално голем број на компании се спремни да инвестираат во овој вид на комуникација, не сеуште буџетите се мали и генерално интернет маркетингот се потценува. Тоа потценување можам да го опишам со зборот: „На стрико ми малиот ќе го работи тоа“.

Според вашето мислење, во која мерка компаниите во Македонија се свесни за неопходноста на дигиталниот маркетинг?

За жал, поголем дел на компаниите сеуште не се свесни. Не влегувам во причините, но како пример за тоа, можам да наведам пример дека компаниите сметаат дека нивните дизајнери кој што се задолжени за дизајнот на нивните печатени материјали можат да дизајнираат и за веб, без премногу размислување за идејата и специфичностите за дизајнот кој што ќе се пласира на интернетот. Истото важи и за видеото – видеата која што се наменети за ТВ промоција немаат исти ефекти ако истите видеа се пласираат на социјалните мрежи. Видеата кој што треба да се пласираат на интерент мораат да бидат продуцирани на сосема поинаков начин, за разлика од видеата која што се продуцираат за ТВ. Колегите кој што работат во компаниите работат работа за тројца – и дизајн и маркетинг и продажба и немаат доволно време да се посветат на потребна едукација која што е потребна за дигиталниот маркетинг и од тие причини нивните дизајни немаат ефект за разлика од дизајнот кој што го работат маркетинг агенциите.

Кои се најефикаснии начини на мерење на ефектите на интернет маркетинг кампањи? Колку време треба да помини за да компаниите ги видат ефектите на кампањата?

Социјалните мрежи во Македонија после ТВ се најмоќен медиум. Овие мрежи имаат големи предности во однос на конвенционалните медиуми и конвенционалните маркетинг канали на комуникација. Постојат неколку предности, како што се можности на прецизно мерење, оптимизација, ефикасна промена на кампањите со релативно мали буџети, тестирање, ефикасно таргетирање итн.

Она што е најбитно е да на самиот почеток на кампањата, ги поставиме целите, да знаеме со кого ќе комуницираме (таргет) и потоа со тестирањето да видиме дали кампањата ги дава очекуваните резултати или не. Во однос на мерење на резултатите, доколку се работи за online продажба тогаш можеме најпрецизно да ги мериме резултатите на кампањата. Доколку е интернет кампањата дел од вкупна интегрирана кампања (offline & online кампања), тогаш е потешко да го изолираме влијанието на интернет кампањата.

Што се однесува до времето на траење на самата дигитална кампања, се зависи од индустрија до индустрија и од самата целта на кампањата. Имено доколку се работи за краткотрајна акција (како што е на пример Black Friday) тогаш нема смисла таква акција да се промовира повеќе месеци. Како што спомнав, се зависи од целта на цамата кампања. Генерално за брендовите кој што од почеток запонуваат со користење на интернет маркетинг, препорачуваме минимална кампања со време на траење од 9 месеци, за да самиот бренд или одреден производ биде позициониран на пазарот и да се видат одредени резултати во продажбата.

Според Вас, кои се трендовите во областа на дигиталниот маркетинг кој што ќе ја одбележат 2019 година?

Што се однесува за Македонија, се повеќе ќе се креираат Instagram кампањи, користење на инфлуенсерите, но и поинтензивно користење на алатките кој што ги нуди Facebook messenger како што е messenger бот. Исто така, не смееме да го заборавиме видеото како ефикасен начин на комуникација на социјалните мрежи.

Исто така, би го истакнал еден тренд кој што е актуелен на глобално ниво, а тоа е користење на Progressive Web Application. Во кратки црти – корисниците на Smartphone уреди ќе можат да постават shortcut иконка од веб сајт кој што најмногу го читаат, без апликацијата да им зафаќа дел од меморијата, а сопствениците на веб порталите ќе ги имаат скоро поголем дел на опциите кој што ги имаат и класичните native мобилни апликации, како што е на пример праќање на нотификации. 


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини