19 Декември, 2025
0.0768

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

Објавено во: Економија 23 Мај, 2024 12:16

Добивај вести на Viber

Иселениците Митре и Софи Кутановски не и се непознати на македонската јавност, Тие се дел од проектот „Македонија 2025“, а ја поседуваат и фондацијата „Близнаков“, која доделува стипендии за студенти од земјава. Интересни се почетоците на нивната бизнис приказна, а малкумина можеби знаат дека Митре заминал во Соединетите американски држави на свои 12 години, каде првата работа која што ја вршел, била разнесување на весници. И за која уредно го добивал својот паричен чек!

Тие секое лето доаѓаат во Радожда, каде што е роден Митре, и каде што имаат своја куќа. 

„Од 12 години јас работев во Америка, кога стигнав таму, прво носев весници од куќа до куќа“, вели Кутановски. 

На забелешката на нашиот водител Мишко Иванов дека тоа изгледа тому како во филмовите, Митре Кутаноски и неговата сопруга Софи велат, „Да, да. Токму така“. 

„Така беше, ќе го земев точакот, имав корпа на точакот, весниците внатре ми беа средени, и ги фрлав, од куќа до куќа. И секој месец за таа работа ми праќаа чек“, вели Митре Кутаноски. 


Дел од приказната ја раскажува и Софи Кутановска.

„Тој долги години работеше во US Steel, како обичен работник. Најпрво работеше, како инспектор за железо, но не беше нешто многу платен. Но, тој секој ден го читаше The Wall Street Journal, весник што ги споделува вестите за движењата на Берзата. И секој ден го читаше овој весник, од почеток до крај. И сите пари што ги заработуваше, тој ги инвестираше. Практично, тој играшр на берза со акции. Во тие години, јас бев млада, но тој ми кажуваше во кои компании инвестира. Тој инвестираше во International business machines - IBM, како и во други компании, практично во најважните акции, блу чипови, и човекот си направи доста пари од Берзата“, вели Софи Кутановска, а откако Мишко Иванов се интересираше колку пари направил Митре на тој начин, таа одговори дека станува збор за околу три до четири милиони долари. 


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии