20 Мај, 2024
0.0257

ПО КУПУВАЊЕТО НА АКЦИИТЕ, САМСОНЕНКО СЕГА ИМА 19,86 ОТСТО - „Жито Полог“ ги објави промените во акционерската структура

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Компанијата Жито Полог се огласи во врска со промените во нејзината акционерска структура. 

„Ве известуваме за следнава ценовно чувствителна информација:

- Акционерот  Сергеј Самсоненко  се стекна со 2.469  обични  акции со право на глас  издадени од Жито Полог АД Тетово и сега поседува вкупно 11.119 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово, што претставува 19,86 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

-Акционерот  Златко Пирузе  продаде 6.417 обични  акции со право на глас  издадени од Жито Полог АД Тетово и во моментот на давањето на овој извештај нема во сопственост обични акции издадени од Жито Полог АД Тетово

-Друштвото за реклама, маркетинг, трговија и услуги ЛИД КОМЈУНИКЕЈШНС ДОО Скопје се стекна во сопственост со 6.417 обични  акции со право на глас  издадени од Жито Полог АД Тетово , што претставува 11,46 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

-Акционерот Друштво за трговија , производство и услуги АС СЕЊАК увоз-извоз СЕЛАУДИН АРИФИ ДООЕЛ продаде 2.469  обични  акции со право на глас  издадени од Жито Полог АД Тетово и  сега поседува вкупно 7.679 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово, што претставува 13,71 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото“, се вели во објавата од компанијата која преку Берзата е испратена до инвеститорската јавност.

Како што веќе пишуваше Фактор, минатата недела преку берзанска блок трансакција беа продадени 15,9 проценти од акциите на „Жито полог“ од Тетово. Сумата која беше платена е 328 илјади евра.

„Жито полог“ е компанија со основна дејност производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра