21 Мај, 2024
0.0350

OГЛАС: Што се ќе продава УЈП на аукција?

Објавено во: Економија 11 Август, 2018

Добивај вести на Viber

На продажба се нудат автомобили од марките Мерцедес, Фиат, Сеат, Форд и Фолксваген. 

Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на движни и недвижни предмети.

Аукцијата е закажана за 27 август.

Ќе се продаваат и ниви, деловни простории, подземни гаражи, телевизории и уметнички слики. 

За работите кои се предмет на електронска јавна аукција, според информациите од УЈП, може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирани и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните и недвижните ствари, најдоцна до 17 август во трезорска сметка на Министерство за финансии.

Учесникот кој дал најповолна понуда за движна ствар е должен веднаш да ја уплати разликата од купопродажната цена, а најповолниот купувач на недвижната ствар, во рок од 8 (осум) дена од денот на заклучување на електронската јавна аукција.

Во спротивно, продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на враќање на депонираниот депозит.

Работите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.

За работите кои се предмет на електронска слободна комерцијална продажба), сите заинтересирани лица треба да достават понуди на порталот во делот кој се однесува на слободна комерцијална продажба објавен од надлежната ДГДО/Регионална дирекција/Центар за складирање и впаричување на движни ствари во период за времетраење на електронската јавна аукција/слободната комерцијална продажба.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?