20 Мај, 2024
0.0273

Нова фаза во гасификацијата - Распишани огласи по подолго време

Објавено во: Економија 04 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ветената гасификација на Скопје и Македонија е еден од најбавните економско-инвестициски проекти, па сега по неколку години на неизвесност конечно се распишани нови огласи за изградба на секундарниот и терцијарниот гасовод преку јавно-приватно партнерство. Освен во јавните гласила во Македонија, огласите извесен период ќе бидат достапни и на официјалното гласило за тендери на Европската унија – платформата ТЕД, со што се очекува проектот да добие динамика.

Секундарната и терцијарната гасификација во Македонија се очекува да чини околу 150 милиони евра. Ќе бидат опфатени 17-те општини во Скопскиот регион, 36-те општини во Источниот регион и 26-те општини во Западниот регион.

Надлежните очекуваат да има интерес кај компаниите и да биде избран најдобриот понудувач.

– Сметам дека овие огласи ќе предизвикаат големо внимание кај заинтересираните компании и дека ќе се зголеми конкуренцијата, а на крај бенефит ќе имаат како компаниите кои ќе ги добијат концесиите, така и Република Македонија и крајните корисници, рече вицепремиерот Владимир Пешевски на вчерашната прес-конференција.

За разлика од претходно, во овој оглас има неколку суштински подобрувања како од технички аспект, така и во однос на тоа дека периодот на концесија е продолжен од 20 на 30 години, а и приклучокот којшто треба да го субвенционира Владата е намален за дваесетина проценти.

Во однос на примарната гасификација досега целосно е изграден магистралниот гасовод од Клечовце до Штип, додека во тек на реализација се три магистрални гасоводни делници од Штип до Неготино, од Неготино до Битола и од Скопје преку Тетово до Гостивар. Во следниот период се очекува да започне изградбата на уште 13 делници на магистрални гасоводи и осум краци за поврзување на гасодоводот со индустриските зони. Вкупната инвестиција за примарната гасоводна мрежа изнесува околу 350 милиони евра. Доколку се се одвива според планираното се очекува примарниот гасоводен систем да биде готов до 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?