21 Мај, 2024
0.0422

Невиден парадокс: Македонија плаќа најевтина струја, а најскап гас во Европа

Објавено во: Економија 11 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Еуростат, службата на ЕУ, за прв пат објави компаративни податоци за сите земји во и надвор од Унијата по колку точно плаќаат за гас, а Македонија е земјата која најскапо плаќа за овој извор на енергија.

Чисто за гасот како енергенс граѓаните и македонските компании плаќаат по 0,037 евра од киловат час, што е најскапо од сите преостанати земји. Најевтино го плаќаат Романија (0,016), Турција (0,016), Бугарија (0,017), Литванија (0,017), Унгарија (0,019).

Македонците „ги спасува“ тоа што на овој чист трошок плаќаат најниски давачки за гасоводната мрежа (0,0048 евра по киловат/час)) и за данокот (0,0075 евра по киловат час). И со овие олеснителни давачки, македонските физички и правни лица не стојат добро во вкупниот трошок. И на тој начин помалку од нас плаќаат Србија, Молдавија, Турција, Британија, Полска, Словачка, Летонија, Литванија, Естонија, Луксембург, Хрватска, Унгарија, Бугарија и Романија. Само десет земји имаат поскапа цена.

Во истиот извештај на Еуростат има и цена за електрична енергија, Македонија парадоксално е земја со најевтина струја, но не и со ниска цена на гас.

Јазот на цената помеѓу струјата и гасот треба да биде многу поголем ако се знае дека струјата е многу поскап извор на енергија од гасот во Европа, но во Македонија за струја се плаќа 0.08 евра по киловат/час, додека за гас 0,05 евра по киловат/час.

Од Македонија во Европа помалку за струја плаќаат само Србија и Косово. Гледано само како снабдување со струја трошокот е скап и чини 0,05 евра по киловат/час, но евтино е трошокот за мрежата (.0,017) и даноците.(0,013).

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?