„МОНСТРУМ“: Мијалков и Џафери на ред да кажат што знаат за петкратното убиство кај Смилковско езеро
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020
Поранешни функционери продолжуваат да бидат сослушувани за случајот кој уште не ја стивнува болката на најблиските чии деца беа убиени кај Смилковско езеро пред осум години.
Денеска на ред сведоци ќе биде Сашо Мијалков, но и Блерим Беџети, Муса Џафери и Синиша Алексовски.
Нивното сведочење доаѓа како последица на разговорите од „бомбите“ во кои се слушаат или споменуваат нивните имиња и тоа дека знаат нешто за петкратното убиство кое ја потресе јавноста на 12 април во 2012 година.
За случајот беа сослушани и Гордана Јанкуловска, Зоран Заев, Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и Љупчо Тодоровски-Радникот.
„Монструм“ е случај во кој беа убиени четири момчиња и еден рибар а немилиот настан се случи пред осум години на 12 април 2012 година.
Родителите на младите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски се уште не можат да се помират со судбината дека токму нивните најмили беа убиени на монструозен начин.
За убиството осудени на доживотен затвор беа Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Сепак, подоцна ослободени од притвор беа Исмаиловиќ, Азири, Љута и Азири а процесот се врати на повторно судење и преземен беше од СЈО.