Мате Римац стана најбогатиот Хрват
Објавено во: Финансии 26 Мај, 2019
Мате Римац стана најбогатиот човек во Хрватска откако во неговата компанија влегоа Хјундаи и Киа.
Економистот Ивица Бркљаќ пресметал, според информациите за сопственичката структура која ја изнел самиот Римац, дека Римац Автомобили вредат 4,3 милијарди куни, пренесува хрватски Индекс.
Бидејќи делот на Римац изнесува нешто помалку од 50 посто, тоа е износ од околу 2 милијарди куни, што го сместува на самиот врв на листата најбогати луѓе во Хрватска.
-Во неодамнешно интервју по повод веста дека Хјундаи и Киа одлучиле да вложат 80 милиони евра во Римац Автомобили, Римац го кажал следново:
-А што се однесува до сопственоста, сега поседувам 47,7 посто. Кинескиот Камел груп има 14 посто, Хјундаи 11, Порше 10, Киа 2,7 посто и останатото се помали делови на досегашните вложувачи од 2012 и 2013 година.