ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

Објавено во: Финансии 23 Април, 2024 13:30
Просечната нето плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39.276 денари, објави Државниот завод за статистика.
Со ова се забележува дека последните месеци има тренд на намалување на нето платата, која во јануари 2024 година изнесувала 39.542 денари, додека месец претходно, или во декември 2023 година уште повеќе или точно 39.998 денари.
Сепак, од ДЗС посочуваат дека просечната нето плата исплатена во февруари споредено со истиот месец 2023 година бележи раст.
- Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 24,9 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,5 проценти и Уметност, забава и рекреација 20,4 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање 10,1 отсто, Рударство и вадење на камен 7,2 проценти и Земјоделство, шумарство и рибарство 6,3 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС.
Фото: Фактор
Можеби ќе ве интересира
Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици
УНИБанка има одличен старт на годината! Добивката е зголемена за 69 отсто

ДАЛИ „СТРУКТУРНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА“ НА ЕКОНОМИЈАТА „КРАХИРАШЕ?! - Русија се соочува со сериозно економско забавување

ФРЧАТ БЛОКОВИ СО АКЦИИТЕ, ДЕНЕСКА СЕ ПЛАТЕНИ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - дали српска банка брза да ја купи Стопанска банка Битола

ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО НА 96 ГОДИНИ, ЗАКОНСКИОТ МАКСИМУМ Е 35 - ревизорите со бројни забелешки

ДАЛИ ЕДНА СРПСКА БАНКА ЌЕ ЈА КУПИ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - раздвижување има, кој купува акции на банката?

НЕВЕРОЈАТЕН ДОГОВОР - поранешна директорка на познатата телевизија ќе добива по 8.000 евра месечно до крајот на животот

ОВА Е ЧОВЕКОТ ШТО ТРАМП ГО КОПИРА - царинската политика не е оригинална идеја на сегашниот американски претседател, туку добра тактика од минатото
