19 Јануари, 2025
0.0268

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

Објавено во: Финансии 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани најмногу се „заглавени“ во банка за потрошувачки кредит, ама подолг период наназад се повеќе сакаат да земат кредит за купување на стан.

Така накусо изгледа најновата состојба на задолженост на домашното население, која се однесува заклучно со март оваа година, а беше претставена преку податоците на Народна банка на Македонија.

Па така, вкупниот граѓански борч по основ на потрошувачки кредити на крајот на третиот месец од годинава се доближил опасно до две милијарди евра, или прецизно, изнесува 1,949 милијарди евра. Во однос на еден месец претходно, или во однос на февруари, потрошувачките кредити се зголемени за некои скромни осум милиони евра, а се речиси на идентично ниво колку што изнесувале во декември лани, односно на крајот на минатата година.

Или, од Народната банка пресметале дека во март годинава во однос на март лани, кај потрошувачките кредити има зголемување за 5,8 отсто, односно таа е годишната стапка на раст на овие кредити, додека, пак, месечната стапка на промена е пораст од само 0,4 проценти.

Да видиме сега каква е состојбата на станбените кредити, согласно последно објавените податоци од централната банка.

Таа говори дека граѓаните преферираат кога веќе се задолжуваат, да земат се повеќе станбен кредит, односно да си го обезбедат сопственото место на живеење, или, пак, што е веќе се почесто како практика, да купат стан како своевидна инвестиција, иако тој во моментот не им е преку потребен.

Како и да е, на крајот на март домашното граѓанство по основ на станбени кредити должело 1,391 милијарди евра, што во однос на еден месец претходно е зголемување за 14 милиони евра. А, дека задолжувањето на граѓаните по основ на станбени кредити се повеќе расте, говори споредбата на земањето нови вакви заеми во март во однос на крајот на минатата година. Односно, за три месеци порастот во апсолутна бројка изнесува дури 27 милиони евра. Односно, тоа е новиот износ на долг во кој влегло домашното население, пари кои во следните 10 до 25 години ќе им ги враќа на домашните банки.

Од НБМ пресметката говори дека во март годинава во однос на март лани има двоцифрена годишна стапка на раст на станбените кредити, односно таа изнесува 10,4 отсто, додека, пак, не е лоша и месечната стапка на раст во март во однос на февруари, и таа изнесува еден процент.

А, за воља на вистината, и банките навистина сакаат да дподелуваат станбени кредити, па во тој дел постојано има кампањи, со пристојни фиксни каматни стапки кои се одобруваат и на подолг период, и всушност во овој дел му се презентираат повеќе опции на клиентот, па тој има можност да бира која ќе ја прифати. Исто така, кампањите одат и во насока за клиентот да не мора да ги плаќа нотарските трошоци, кои и не се така ниски, туку тоа го плаќа банката, а тоа е нешто што ппорано не можеше ни да се замисли.

Кога станува збор за автомобилските кредити, пак, очигледно е дека тие практично како да не ни постојат како банкарски кредитен производ, па по основ на такви заеми граѓаните должат само шест милиони евра, износ кој речиси постојано е идентичен.

 Кредитните картички и минусите се очигледно нешто без што не се може, но граѓаните не сакаат да глават премногу во овие кредитни производи, а и зошто би, кога нивните каматни стапки се екстремно високи, па неодамна го достигнаа дури и плафонот од 14 отсто годишна камата.

Затоа, на крајот на март годинава граѓанскиот долг по основ на кредитни картички изнесувал 154 милиони евра, што е еден милион евра помалку од февруари, и шест милиони намалување во однос на крајот на минатата година.

На годишно ниво во март годинава во однос на март лани долгот по основ на кредитни картички е намален за 6,8 отсто, а месечното намалување изнесува 0,8 проценти.

Негативните салда по однос на тековните сметки во март тежеле безмалку 111 милиони евра, што е благ пораст од два милиони евра во однос на еден месец претходно, и нешто поголем раст од 13 милиони евра во однос на крајот на ланската година.

Овде има годишен раст март со март од 6,1 отсто, и месечен од 2,3 проценти.

Како други кредити се дадени во март само 27 милиони евра, и таму има голем годишен пад од над 21 процент.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КРИПТОВАЛУТАТА НА ТРАМП ПРЕДИЗВИКА НЕВИДЕН ИНТЕРЕС КАЈ ИНВЕСТИТОРИТЕ - вредноста нагло порасна за само еден ден

КРИПТОВАЛУТАТА НА ТРАМП ПРЕДИЗВИКА НЕВИДЕН ИНТЕРЕС КАЈ ИНВЕСТИТОРИТЕ - вредноста нагло порасна за само еден ден

ЕВЕ КАДЕ БЕРЗАНСКИТЕ ИГРАЧИ САКАА ДА ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ - топ пет акции кои лани имаа најголем раст на цената

ЕВЕ КАДЕ БЕРЗАНСКИТЕ ИГРАЧИ САКАА ДА ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ - топ пет акции кои лани имаа најголем раст на цената

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

КАКО ДО ПОЕВТИНИ АВИОНИ БИЛЕТИ: „Кој ризикува – профитира“

КАКО ДО ПОЕВТИНИ АВИОНИ БИЛЕТИ: „Кој ризикува – профитира“

ПОЧИНА ВИЗИОНЕРОТ КОЈ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ: Тој го започна својот бизнис со парите на неговиот татко, еве како успеа

ПОЧИНА ВИЗИОНЕРОТ КОЈ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ: Тој го започна својот бизнис со парите на неговиот татко, еве како успеа

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ДОБИТНИЦИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА - инвеститорите што вложиле во овие акции имаат причини да слават

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ДОБИТНИЦИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА - инвеститорите што вложиле во овие акции имаат причини да слават

ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА ОД 30 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - која е „магијата“ за инвеститорите

ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА ОД 30 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - која е „магијата“ за инвеститорите

ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ДУРИ ВО 2040 ГОДИНА - издадена нова 15 годишна државна обврзница на сума од над 54 милиони евра

ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ДУРИ ВО 2040 ГОДИНА - издадена нова 15 годишна државна обврзница на сума од над 54 милиони евра

ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ПРЕДЛОЖИЈА ЗАКОН ЗА ПОГОЛЕМА СТАБИЛНОСТ НА НАРОДНАТА БАНКА – повеќе пари ќе се издвојуваат за општите резерви

ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ПРЕДЛОЖИЈА ЗАКОН ЗА ПОГОЛЕМА СТАБИЛНОСТ НА НАРОДНАТА БАНКА – повеќе пари ќе се издвојуваат за општите резерви