ФАКТОР АНАЛИЗА: Гигантот во стечај „Бетон“ должи 24 милиони евра и 13 невратени кредити кај банките
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2024 07:50
Некогашниот гигант кој го градеше дел од проектот „Скопје 2014“, „Бетон“ иако е две години во стечај, уште должи повеќе од 24 милиони евра. Ова го увиде „Фактор“ во базата на податоци на Централен регистар. Голем дел од овие пари уште им се должат на банките кои први реагираа како доверители пред две години.
Повеќе домашни банки ги активираа хипотеките и мениците во обид да ги наплатат долговите на АД Бетон кои ги имал кон нив, со извршување на недвижниот и подвижниот имот. Претходно, Обвинителството донесе одлука за замрзнување на имотот, а потоа и државните институции ги раскинаа договорите кои ги имаа со компанијата. Истата година „Бетон“ не успева ниту да го предбележи хотелот во изградба во центарот на Скопје, веднаш до Белата Палата на ВМРО-ДПМНЕ, околу кој се навртеа извршители. Конечно, на минатогодишното рочиште, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на Бетон АД Скопје поради неисплатени 8 плати. Управната зграда одамна се нуди на продажба како хипотека.
Лани компанијата имала приходи од само 250.000 евра, а трошоци од 1.100.000 евра. Се уште останале 70 работници во друштвото, а 30-тина си заминале.
Кај кредитите, базата на ЦР покажува дека „Бетон“ нема вратено 13 кредитни задолжувања, кои уште се активни кај четири доверители (банки). Станува збор за вкупна неподмирена, а доспеана сума од 11,67 милиони евра, која требало одамна да им биде вратена на кредиторите.
Од горенаведената сума, две невратени задолжувања во вредност од безмалку 1,45 милиони евра се веќе прогласени како нефункционални (евентуално ненаплатливи бидејќи доцнењето е подолг период). Состојбата со долгот кон банките е непроменета во последните година дена.
Претходно, во медиумите беше објавено дека во прашање се долгови кон четирите најголеми деловни банки - Комерцијална банка, Стопанска банка, НЛБ Банка и Халк Банка.
„Бетон“ во изминатите години започна со серија на поднесени и најавени тужби против институции како Општина Центар, Министерство за култура, Јавното претпријатие за држжавни патишта, Народна банка итн.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




