21 Мај, 2024
0.0273

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Објавено во: Мои пари 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство. 

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, ането добивката е во пораст од дури 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари.

Супериорно корисничко искуство и зголемување на базата на корисници

Остануваме број 1 во Македонија според TRI*Mиндексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто изнесува 94 поени. Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнавме 160000 корисници.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7  проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229илјади корисници. 

Лидерство на ТВ пазарот и нова ТВ платформа

Остануваме на лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34,4 проценти и раст од 2,3 проценти или 151 илјада корисници. Во март, воведовме нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците. 

Инвестиции и развој на најдобрата мрежа

Остануваме доследни на нашиот фокус на ширење и инвестиции во оптичката мрежа и денес имаме 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3% повеќе споредено со истиот период од претходната година. Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85% од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена