26 Април, 2024
0.0288

Комерцијална банка „корона вирус“ не ја фаќа!

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка за половина година направи добивка што надмина 12 милиони евра. Клуч за успехот се останатите приходи што значи продажба на имот што бил превземен врз основ на ненаплатени кредити. Тука предничат „Технометал Вардар“ за продажбата на чиј имот веќе пишувавме и на скопската фирма „Прототип“. Како и да е, одлични вести на акционерите на Комерцијална банка

Во услови на светска пандемија на COVID 19 и во време кога и домашната економија е во смут и агонија, „Комерцијална банка“ има фантастичен финансиски резултат. Нејзината добивка, според единечниот биланс на успех е 12,1 милиони евра за првите шест месеци што е за 1,1 милиони евра подобар резултат од лани!

Во првите шест месеци годинава најголемата домашна банка според активата има неверојатни приходи од камати и уште подобри нето приходи од камати. Нето приходите од камати за половина година изнесуваат 19,6 милиони евра што е за 603.000 евра повеќе од истиот период лани. За сметка на одличниот раст на нето приходите од камати годинава значајно потфрлиле приходите од втората најголема приходна ставка – надоместоците и провизиите. Тие се пониски за 873.000 евра од лани и за првите шест месеци годинава изнесуваат 6,7 милиони евра. Падот на приходите од провизии и надоместоци е директна последица од намалената економска активност како на фирмите така и на граѓанството во вториот квартал годинава. За истакнување и тоа што банката во овие услови заработила над 350.000 евра и од курсни разлики што иако мала сума во споредба со другите приходи е вредна за истакнување.

Клуч на успехот на оваа банка за првите шест месеци се останатите приходи од дејноста. Од нив (најверојатно продажба на движен и недвижен имот н.з.) банката остварила приход во вкупен износ неверојатни 17 милиони евра што е за 13,5 милиони евра подобар резултат од истиот во претходната година. Како што веќе пишувавме успехот на банка за вториот квартал во значајна мерка е резултат на продажбата на превземен имот врз основа на ненаплатени побарувања од поранешниот гигант „Технометал Вардар“ како и од скопската фирма „Прототип“.

За првите шест месеци резервациите очекувано заради зголемените ризици пред се од непредвидливоста на негативното влијание на новиот вирус врз економија се зголемени за 11,6 милиони евра во споредба со истиот период лани и изнесуваат 18,5 милиони евра. Во структурата на другите трошковни ставки нема значајни поместувања во споредба со лани.

Кај билансот на состојба најзначајно за истакнување е тоа што расте кредитирањето за 79,5 милиони евра до износ од 905,4 милиони евра исто како и вложувањето во државни хартии од вредност за 70 милиони евра во износ од 283,6 милиони евра. Важно е да се истакне и тоа што оваа банка ги намалила своите побарувања од банки за 60 милиони евра. Нивото на депозити надмина 1,8 милијарди евра,  вкупната активна на банката надмина 2 милијарди евра.

Во оваа прилика вреди да се истакне дека Образложението кон резултатите е за пример за другите компании и банки зашто содржи некои нови важни детали кои можат да бидат корисни за сите актуелни и потенцијални вложувачи во акцијата на таа банка.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка